Рубрика: Астрономија и астронаутика
Портрет на Земјата, оддалеку
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 05.09.2018 - 17:00

На 2 октомври минатата година, леталото OSIRIS-REx, на оддалеченост од нешто повеќе од 5 милиони километри, го сврте погледот кон Земјата и ја направи оваа фотографија. Растојанието од 380 000 километри помеѓу Земјата и Месечината е јасно забележливо на сликата.

За да се добие фотографија во боја, употребени биле три различни филтри за боја, по што направените фотографии се вметнати една врз друга, со што е добиена композитна фотографија. Направена е и корекција на бојата и светлината, за објектите да бидат полесно забележливи.

Сондата OSIRIS-REx беше лансирана на 8 септември 2016 година, со мисија да земе примероци од астероидот Бену и да ги донесе на Земјата за проучување.

Клучни зборови: