Омнибус
На 9 август 2025 година, на празникот „Св. Климент Летен“, во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид, ќе биде свечено врачена Светската награда за хуманизам на проф. д-р Светлана Мојсов — истакната научничка од областа на биохемијата и ендокринологијата, родена во Скопје, а денес професор на Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк. Ова признание, кое го доделува Охридската академија на хуманизмот, го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани и ја вбројува Мојсов меѓу добитниците како Александaр Солжењицин, Херта Милер, Даисаку Икеда, Рави Шанкар и Романо Проди.
Објавено на 04.08.2025 - 22:15

Колумна
Главни ударни вести кај нас веќе подолго време се пожарите во Македонија. НАСА има подготвено мапа на пожари на која се гледа дека огромен број шумски пожари има во Јужна Европа – Турција, Грција, Бугарија, Албанија, Италија, Шпанија, Црна Гора ... и тоа пропорционално во поголем обем отколку во Македонија. Втора ударна вест во јавните медиуми е дека САД и ЕУ постигнаа договор со кој се воведуваат царини од 15% за европскиот извоз во САД, а за американскиот извоз во Европа царинската стапка ќе биде 0%. Ќе се прашате каква врска има оваа тема со претходната за пожарите? Има и тоа многу голема...
Објавено на 03.08.2025 - 10:00

Омнибус
Со отфрлање на таканаречената хаул-култура (haul culture) – која поттикнува прекумерно купување и потреба новата облека да се покажува на сите – и промовирање на свесна потрошувачка, движењето на деинфлуенсери стекнува сè поголема популарност, а еве зошто.
Објавено на 02.08.2025 - 19:30

Астрономија и астронаутика
Минатата сабота имавме навистина интересен настан, премин на Меѓународната вселенска станица (ISS) преку дискот на Сонцето.Членови на Скопското Астрономско Друштво се позиционираа со четири телескопи кај старата бензинска пумпа спроти некогашната фабрика Стаклара во Скопје и успеаја да го овековечат овој настан со одлични астрофотографии.
Објавено на 27.07.2025 - 21:45

Енергетика
Редовно гледам вести на телевизија, а овие денови почнуваат со соопштенија за пожари – колку и каде ги има во последните 24 часа, колку се изгаснати, колку се под контрола, а најгледаниот лик е Стојанче. Но, за мене, веќе неколку недели најважниот дел од вестите е крајот кога се емитува временската прогноза во која се прикажани температурите на надворешниот воздух. A тие се екстремно високи. И почетокот (пожарите) и крајот на вестите (високите температури) се резултат на климатските промени кои според мене ќе бидат уште поизразени во идните децении.
Објавено на 26.07.2025 - 13:45

Архитектура и градежништво
Бои што ја ладат зградата? Истражувањето насочено кон пронаоѓање бои на фасадите што го забавуваат загревањето на зградите би можело да обезбеди корисно решение за различни проблеми што произлегуваат од сè потоплите лета. Ова е најновиот пример за користење на вештачката интелигенција за унапредување на науката за материјали.
Објавено на 24.07.2025 - 14:00

Астрономија и астронаутика
На 16 јули 1969 година, кога ракетата Сатурн V го понесе Аполо 11 кон Месечината, во контролниот центар на НАСА во Кенеди беше присутна само една жена — инженерот ЏоАн Морган. Таа не беше таму поради симболика, туку поради нејзината клучна улога: инструментациски контролор, одговорна за надзор на 21 канал на комуникација и здравјето на сите мониторинг системи на ракетата.
Објавено на 20.07.2025 - 01:15

Енергетика
Дали постои начин електронските уреди да се разградат сосема самостојно во реалноста? Инспирирани од серијалот "Mission: Impossible" и разните уреди кои се самоуништуваат во рок од 5 секунди и пократко, научници при универзитетот Бингхемтон демонстрираат идеја за разградливи електронски уреди, која лежи на потенцијалот на пробиотиците, јавува ScienceDaily.
Објавено на 20.07.2025 - 00:45

Енергетика
Колку температурата на надворешниот воздух е повисока, толку повеќе се зголемува потребата за ладење, а тоа значи зголемување на потрошувачката на електрична енергија. Тоа повлекува зголемување на производството на електрична енергија при што доминантна улога имаат фосилните горива, а тоа значи зголемување на емисијата на јаглерод-диоксид (СО2) кој е главен причинител на ефектот стаклена градина...
Објавено на 18.07.2025 - 17:15

Роботика
На необичен фудбалски натпревар во Кина, се натпреваруваа четири тима хуманоидни роботи. „Играчите“ на теренот во Пекинг беа контролирани од вештачка интелигенција.
Објавено на 15.07.2025 - 21:15

Pages