Веќе сме среде топлотниот бран во кој деновите ни се пеколно жешки а ноќите со тропски температури. За сето ова, меѓу другото, предупредуваат и апликациите за временска прогноза. Експертите велат дека е тешко да се прогнозира дали ова лето ќе биде најжешкото досега, бидејќи сѐ уште сме на неговиот почеток – и дека треба да помине некое време. Апликациите, во однос на точноста на прогнозата, се разбира, можат да направат грешки.