Омнибус
Компанијата КТ Филм и Медиа од Битола со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој ја пушти во употреба новата дигитална едукативна платформа Кукл (Koocklе.com). Станува збор за мултидисциплинарна едукативна платформа со онлајн курсеви за филм, фотографија, пишување, маркетинг, која вклучува алатки и туторијали за едукација како и високо-квалификувани едукатори – вклучително универзитетски професори.
Објавено на 28.07.2023 - 17:15

Информатика
Четири од највлијателните компании во областа на вештачката интелигенција формираа групација ширум индустријата за да го надгледуваат безбедниот развој на најнапредните модели. Правилата за безбеден и одговорен развој на граничните модели на вештачка интелигенција првично ќе бидат диктирани од Google, Microsoft, Open AI и Anthropic.
Објавено на 28.07.2023 - 15:45

Енергетика
Работниот прототип на соларна ќелија добиена од симуланти на лунарен реголит
НАСА го награди Blue Origin со Tipping Point партнерство во вредност од 35 милиони американски долари за да продолжи да го унапредува иновативниот процес Blue Alchemist што тие го претставија на почетокот од оваа година. Се работи за иклучителен пробив во доменот на искористување на сончевата енергија – технологија што ќе овозможи изработка на соларни ќелии, на лице место на Месечината.
Објавено на 28.07.2023 - 14:00

Медицина
Експерименталната нова терапија за Алцхајмерова болест умерено го забавува когнитивниот пад кај пациентите кои се во раните фази на Алцхајмеровата болест. Лекот од фармацевтската компанија Ели Лили, наречен donanemab, претставува моноклонално антитело (модифицирано антитело добиено во лабораторија), специјализирано за расчистување на мозокот од наслагите со бета амилоид, отпадниот протеин кој ги задушува невроните во првата фаза на деменција од типот Алцхајмер. Но, терапијата со себе носи и сериозни несакани ефекти.
Објавено на 27.07.2023 - 15:00

Астрономија и астронаутика
Како ќе изгледа ЕЛТ телескопот откако ќе биде во целост завршен
Најголемиот телескоп во светот со можност за астрономски набљудувања во видливото и инфрацрвеното светлинско подрачје треба да ја види „првата светлина“ до 2028 година. Телескопот, дел од Европската јужна опсерваторија (ESO), сосема соодветно е наречен Екстремно голем телескоп (ELТ), а ќе има пречник од повеќе од 39 метри откако ќе биде завршен.
Објавено на 26.07.2023 - 19:15

Роботика
Можеш ли повторно да почнеш да свириш пијано по претрпен мозочен удар? Тим научници од Катедрата за механичко и поморско инженерство при Универзитетот Атлантик во Флорида развија роботска ракавица наменета за реобука на рацете на луѓето кои претрпеле мозочен удар. Ракавицата може да им помогне на пациентите да ги повратат своите моторни вештини, а особено е корисна за оние чијашто професија е поврзана со музиката. Како и кај добар дел од неодамнешните иновации, роботизираната рака користи вештачка интелигенција, која во комбинација со таканаречената „мека роботика“ го овозможува концептот на иновативната „паметна ракавица“.
Објавено на 25.07.2023 - 16:45

Електротехника
Во периодот од 27 до 29 јуни во античкиот град Охрид, успешно се реализираше 30-тата јубилејна меѓународната конференција за системи, сигнали и обработка на слики (International Conference on Systems, Signals and Image Processing – IWSSIP) 2023. Конференцијата беше организирана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и технички ко-спонзорирана од ИЕЕЕ и Македонската секција на ИЕЕЕ. Оваа реномирана конференција беше организирана претходно во 13 различни држави, и за првпат се организира во Македонија.
Објавено на 25.07.2023 - 16:00

Енергетика
За да се произведе ист производ или за да се добие иста услуга како што се произведува во некоја земја во Европската Унија, кај нас ќе се потроши два пати повеќе струја . Тоа се нарекува нерационалност во потрошувачката . Еко-свест истражуваа зошто , и покрај тоа што согласно Законот за енергетика и Законот за енергетска ефикасност досега се подготвени и усвоени повеќе стратешки документи со кои на голем број правни субјекти од различни категории пропишани им се конкретни обврски и рокови, работата уште стои .
Објавено на 25.07.2023 - 14:30

Историја и археологија
Остатоци од нешто за што се верува дека е најраната мешавина од зачини се пронајдени во Југоисточна Азија. Микроостатоците пронајдени на камени алатки за мелење содржат повеќе зачини, меѓу кои куркума, ѓумбир, прстест ѓумбир, мала галанга (песочен ѓумбир), галангал, каранфилче, морско оревче и цимет. Мешавината од зачини која датира од пред 2000 години, е пронајдена на археолошкиот локалитет Ок Eo во јужен Виетнам. Анализите беа објавени деновиве во списанието Science Advances.
Објавено на 24.07.2023 - 15:00

Енергетика
Агриволтаик е релативно млад термин, скован во новиот милениум, кој опишува иновативен начин на производство на енергија, добиена од фотонапонски соларни панели поставени во полиња што се користат како добиточни пасишта или за полјоделство. Како резултат на оваа двојна намена, се максимизира искористеноста на земјиштето преку взаемна корист за сите вклучени страни.
Објавено на 21.07.2023 - 16:15

Pages