Информатика
Кевин Митник, еден од најпознатите компјутерски хакери во светот, по кого американските власти трагаа повеќе од две години на почетокот од '90-тите, почина минатата недела, на 59-годишна возраст, од компликации од рак на панкреасот.
Објавено на 20.07.2023 - 18:30

Медицина
Во светот има милиони видови габи, но едвај неколку стотици се способни да заразат луѓе. Една од нив е габата Coccidioides immitis, која може да предизвика сериозни, а понекогаш и фатални инфекции. Како што објаснува видеото на американскиот онлајн медиум Vox, се чини дека климатските промени во комбинација со уште некои фактори – посушна клима, пренаселени градови и сѐ понаселени пустини – предизвикаа ширење на потенцијално смртоносната габа Coccidioides во САД.
Објавено на 20.07.2023 - 15:15

Омнибус
Пред неколку дена на една австралиска плажа морските бранови исфрлија голем метален цилиндар и речиси моментално се појавија различни хипотези во врска со природата на овој мистериозен објект. Големиот метален предмет, чија природа и потекло сè уште не се знае, се насука на плажата во Грин Хед, Западна Австралија, и веднаш поттикна низа теории, некои дури и смешни, на социјалните мрежи. Австралиската вселенска агенција (АСА) се уште истражува а се шпекулира дека можеби станува збор за вселенски отпад, односно отфрлен дел од ракета
Објавено на 19.07.2023 - 15:00

Информатика
Ransomware наречен Big Head се дистрибуира скриен во лажни ажурирања на Microsoft Windows и лажни Microsoft Word. Big Head првпат беше забележан од истражувачите на Fortinet FortiGuard Labs минатиот месец, кога биле забележани повеќе варијанти на ренсомвер дизајниран да ги шифрира датотеките на уредите на жртвите. Најголем дел од инфекциите се пријавени во САД, Шпанија, Франција и Турција.
Објавено на 19.07.2023 - 12:00

Омнибус
На 14 јули во рамки на одбележувањето на Денот на свесноста за ајкула и раите, кој секоја година се одбележува на овој ден, беше претставена нова тридимензионална, интерактивна онлајн изложба која има за цел да го оживее океанот со детални модели на ајкули и раи.
Објавено на 17.07.2023 - 16:30

Астрономија и астронаутика
Индиската национална вселенска агенција успешно лансираше ракета кон Месечината во нејзиниот втор обид за поставување на ровер на површината на Месечината. Ракетата Чандрајаан-3 е изградена со буџет од само 75 милиони американски долари и е трета мисија со дестинација Месечина на Индиската вселенска истражувачка организација. Мисијата доаѓа четири години откако втората програма не успеа во обидот за „меко слетување“ на Месечината во 2019 година.
Објавено на 17.07.2023 - 12:45

Медицина
Температурите на воздухот, и оние околу 34°C, може да доведат до постојан раст на отчукувањата на срцето при влажни услови, се вели во една студија. Овој пораст, познат и како кардиоваскуларно напрегање, се случува дури и пред внатрешната температура на човекот да започне да се зголемува, покажа една неодамнешна студија.
Објавено на 13.07.2023 - 21:15

Енергетика
Сликата е илустративна и е генерирана од вештачка интелигенција
За да дојдеме до одговорот на прашањето, потребно е да направиме две пресметки на исплатливоста. 1. Производство заради продажба на ЕВН и евентуално остварување профит или 2. Производство за сопствени потреби заради заштеда
Објавено на 13.07.2023 - 13:15

Астрономија и астронаутика
Минатиот месец Бетелгез повторно се најде во фокусот на астрономите. Неговиот сјај се зголеми за 50% и некои научници во ова гледаат знак дека ѕвездата е пред експлозија. Имено, со секој нов поглед кон Бетелгез, ѕвездата оддалечена некаде помеѓу 500 и 630 светлосни години од нас и околу 135 000 пати посветла од Сонцето, растат шпекулациите за нејзината (повеќе или помалку неизбежна) експлозија во супернова. Но, без паника.Всушност, се наоѓаме на доволно големо растојание за да не трпиме последици. Имајќи го ова предвид би било навистина уникатен спектакл ако ни се пружи можност за набљудување на ѕвездата во нејзината експлозивна фаза.
Објавено на 13.07.2023 - 12:45

Биологија
Американските научници претставија нова техника за модификација на гени која води до сузбивање на женските комарци од видот кој најчесто го шири смртоносниот паразит на маларија. Тие велат дека техниката е „ безбеднa, контролиранa и претставува скалабилно решение кое му е итно потребно на светот за да ја елиминира маларијата “.
Објавено на 12.07.2023 - 10:45

Pages