Рубрика: Климатологија
Од Антарктикот изваден најстариот примерок на мраз во светот
Објавено на 14.01.2025 - 15:00

Новото ледено јадро извадено од длабочина на 2800 метри

Ова прастаро ледено јадро во себе ги содржи информациите за климатските текови во распон од 1,2 милиони години . Научниците се надеваат дека со помош на добиените податоци за климатските системи од минатото ќе можат подобро да ги разберат климатските текови на иднината на Земјата.

Достигнувањето е дел од проектот Beyond EPICA, соработка која вклучува дванаесет научни институции, меѓу кои и Универзитетот во Берн, Швајцарија. Лансиран во 2009 година и координиран од Поларниот научен институт на Италијанскиот национален истражувачки совет, проектот има за цел да ги реши трајните мистерии за климатските транзиции и да ги усоврши предвидувањата за идните климатски сценарија.

Новото ледено јадро извадено од длабочина на 2800 метри ©PNRA_IPEV

Леденото јадро е извлечено од длабочина од 2800 метри во реонот на Малата купола Ц на Антарктичкото плато. Во него има и воздушни меури заробени пред повеќе од милион години, коишто може да дадат информации за атмосферските услови од тоа време, покрај другото и за нивото на стакленичките гасови, како CO2 и метан.

Истражувачите се надеваат дека гледајќи во минатото, ќе можат да добијат повеќе детали за можниот развој на идната клима на Земјата. Имено, преку проучување на мразот тие се надеваат дека подобро ќе ја ја разберат врската помеѓу стакленичките гасови и глобалните температури за време на клучниот период познат како Транзиција во средина на Плеистоценот, кој го опфаќа времето од пред 900 000 до 1,2 милиони години. Оваа ера означува драматична промена во климатските циклуси на Земјата.

Во споменатиот период, интервалот на промена помеѓу студените глацијални периоди и топлите меѓуглацијални периоди се променил од 40 000 години на 100 000 години. Научниците веќе подолго време немаат објаснување за тоа што ја предизвикало оваа промена, која останува една од најсложените мистерии на науката за климата. Ако можеме да разбереме како таа сел случила, би можеле евентуално да добиеме подобро разбирање и за развојот на климатските промени на Земјата.

Складирање на примероците во ледена пештера ©PNRA_IPEV​​​​​​​

Со оглед на тоа што нашите најнови модели не можат да ја објаснат моменталната клима на Земјата, истражувачите се надеваат дека би можеле да ја откријат “иницијалната каписла” гледајќи во минатото. Почнувајќи од март, извадените примероци од мраз ќе бидат анализирани со помош на напредни техники развиени од Универзитетот во Берн.

Нивниот иновативен метод со употреба на ласерски зраци овозможува прецизно мерење на стакленичките гасови без контаминација на примероците. За примена на оваа техника потребен е примерок од мраз со дебелина од само 1 cm, што овозможува невидена прецизност во следењето на историските нивоа на CO2.

Преку откривање на механизмот на кој стакленичките гасови влијаеле на климата на Земјата пред милиони години, научниците сакаат да ги усовршат современите климатски модели и да ги подобрат проекциите за идните сценарија. Разбирањето на овие древни механизми е од клучно значење за предвидување на климата на иднината на Земјата и за насочување на глобалните напори за ублажување на климатските промени.

Клучни зборови:
Новото ледено јадро извадено од длабочина на 2800 метри

Новото ледено јадро извадено од длабочина на 2800 метри © Mulvaney_PNRA_IPEV

Новото ледено јадро извадено од длабочина на 2800 метри 

Новото ледено јадро извадено од длабочина на 2800 метри ©PNRA_IPEV

Посматрање на примерокот под црвена светлина

Посматрање на примерокот под црвена светлина ©PNRA_IPEV

Складирање на примероците во ледена пештера

Складирање на примероците во ледена пештера ©PNRA_IPEV

Складирање на примероците

Складирање на примероците ©PNRA_IPEV