Информатика
Google Chrome ќе добие нова функција наречена Store reviews односно Рецензии за продавница. Функцијата ќе користи вештачка интелигенција за прикажување резиме од независни рецензии за продавницата или веб-локацијата што ја посетувате. Притоа како извор на податоците за приказот функцијата ќе ги користи податоците од доверливи платформи за независни рецензии какви што се Trust Pilot, ScamAdvisor и други.
Објавено на 03.12.2024 - 13:15

Информатика
Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ како партнер ја презема локализацијата на платформата Shift2Games на македонски јазик за целата содржина на страницата, каде што може да се најдат детални описи на 50 различни позиции во индустријата за развој на игри, со многу информативни ресурси и совети за сите оние кои својата кариера ја бараат во доменот за создавање видео игри. Платформата е наменета за студенти, млади професионалци, средношколци, па дури и родители кои се вклучени во кариерната ориентација на своите деца.
Објавено на 02.12.2024 - 16:45

Енергетика
На 21. ноември беше одбележан јубилејот 30 години од основањето на МАКО СИГРЕ, националниот комитет на CIGRE во Македонија. По тој повод, гости на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) беа проф. Константин Папаилиу, претседател и г-дин Филип Адам, генерален секретар на меѓународната организација CIGRE.
Објавено на 02.12.2024 - 15:30

Телекомуникации
Паметните електроенергетски мрежи (Smart Grid) и Интернетот на нештата (Internet of Things - IoT) ќе доживеат значителна експанзија околу 2027 година, а од 2030 година ќе станат сеприсутни и ќе ни го променат животот, онаков како што го знаеме денеска.
Објавено на 29.11.2024 - 13:45

Медицина
Последиците од антибиотската терапија врз разновидноста на цревните бактерии можат да се видат и цели 8 години подоцна. Ова има значителни последици за здравјето.
Објавено на 28.11.2024 - 10:15

Омнибус
Студентите од ФЕИТ имаа можност да учествуваат со своите иновативни проекти на Саемот за креативни индустрии, кој се одржа на 25 и 26 ноември во едукативниот културен центар Лабораториум. Настанот, организиран со поддршка од Министерството за култура, претставува платформа за презентирање на иновации, креативни решенија и технологии кои придонесуваат за развојот на креативните индустрии во нашата земја.
Објавено на 27.11.2024 - 13:45

Информатика
По претседателските избори во САД платформата Блу Скај (Blue Sky) доживува бум со прилив на корисници кои разочарани бегаат од твитер, некои за првпат некои по којзнае кој пат. Нејсе. Blue Sky се офајди во ситуацијава со милиони нови корисници, со огромен број преземања на апликацијата на дневно ниво. Но, колку Блу Скај има шанса да стане „новиот Твитер“?
Објавено на 25.11.2024 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Фотографија на ѕвездата WOH G64 е првата слика во гро-план од ѕвезда сместена надвор од нашата сопствена галаксија, Млечниот Пат.
Ѕвездата WOH G64 снимена благодарение на импресивната острина на телескопот VLTI при Европската јужна опсерваторија, е оддалечена неверојатни 160 000 светлосни години од нас. Новите набљудувања откриваат ѕвезда што испушта гас и прашина, во последните фази од нејзиниот живот пред да премине во супернова.
Објавено на 22.11.2024 - 11:00

Медицина
Една мала студија покажа дека ChatGPT ги “победил” луѓето лекари при проценка на историјата на медицински случаи, остварувајќи поголем процент на точно поставени дијагнози и последователни испитувања за потврда на дијагнозата, дури и кога лекарите го користеле чет-ботот при нивната дијагностика.
Објавено на 22.11.2024 - 09:15

Психологија
Верувањето во паранормални појави е поврзано со стресот, но само за одредени верувања. Ова се заклучоците од една студија спроведена помеѓу жителите на Велика Британија. Студијата, објавена во PLOS One, покажува дека оние со ‘традиционални’ паранормални верувања имале повисоки нивоа на вознемиреност, за разлика од оние со ‘новокомпонирани’ односно ‘new age’ верувања.
Објавено на 19.11.2024 - 17:15

Pages