Проект Изгрејсонце (Sunrise)
Во август 2017-тата година австралискиот национален авиопревозник Квантас (Qantas Airways Limited) започна со амбициозен проект за директен лет од австралискиот источен брег до најпосакуваните светски дестинации Лондон, Њуjорк, Париз, Кејптаун и Рио де Женеиро. Во октомври 2019-тата година, проектот се насочи кон само две дестинации Лондон и Њуjорк!
Проектот им беше понуден на двата најпознати светски производители на патнички воздухоплови американскиот Боинг (Boeing) и европскиот пандан Ербас (Airbus). Американците под мониторинг на Квантас во октомври го извршија првиот лет со модифициран Боинг 787-9 од меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди во Њуjорк, САД, до аеродромот во Сиднеј, Австралија. Летот траеше 19 часа!
Следниот месец беше извршен лет во траење од 19-20 часа од Сиднеј (Австралија) до Лондон, при што се собраа неопходните информации за состојбата на екипажот и патниците и влијанието на овие екстремно долги летови без застанување.
Беа извршени вкупно три лета со Боинг 787-9!

Слетување на аеродромот во Мелбурн (фото: Квантас)
По извршените тестови и со Ербасовиот А350-1000 во декември 2019-тата година Квантас објави дека го избрал Ербасовиот воздухоплов како понуда за овој амбициозен проект. Воедно склучиле договор за прозводство на прелиминарни 12 воздухоплови, за кои крајната одлука би била донесена во 2020-тата година.

Ербас А350-1000, платформа што ветува успех
Заради пандемијата со ковид-19 проектот бил ставен во мирување сè до мај 2022-ра, кога Квантас официјално ја објавил нарачката за 12 воздухоплови од типот Ербас А350-1000 со цел тие да влезат во комерцијална употреба кон крајот на 2025-та година. Иако се очекувало дека воздухопловот ќе овозможи прием на 300+ патници, Квантас се одлучил да го уреди просторот за 238 патници кои ќе имаат поголема комоција и би биле поделени во 4 сегмента: прва класа, бизнис класа, премиум економи класа и економи класа. Со овие ултра долги летови Квантас планира во првата година да оствари заработка од 400 милиони австралиски долари (261 милион американски долари).
Во 2024-та година Квантас објави дека поради прозводни одлагања базирани на регулативата поврзана со резервоарите за гориво, се одложува испораката на Ербас А350-1000.
По комплетирање на документацијата и исполнување на барањата според регулативите за третиот централен резервоар, Квантас објави дека испораката на првите примероци би се очекувала кон крајот на 2026-та, а комерцијалните операции би отпочнале во првата половина од 2027-та година.
Во меѓувреме покрај силниот интерес за напредокот на проектот од технички аспект, операторот ги објави и првите новитети во кабинскиот простор, кои на патниците би им овозможиле удобен, пријатен и интерактивен лет исполнет со содржина што би го олеснила летот. Па, така патниците добиваат т.н. "wellness zone" во вид на "stretch and movement space". Исто така, временскиот простор помеѓу оброците и изложувањето на светлина е максимално пропорционално поделен, за патниците да не почувствуваат никаква нелагодност. Обезбедени се секакви визуелни разоноди преку екраните, а воедно и брза и сигурена Onboard Wi-Fi интернет конекција.
Официјалните податоци дадени од страна на Ербас за моделот А350-1000 се:
• Распон на крилја: 64,75m
• Должина: 73,79m
• Висина: 17,80m
• Крастаречка брзина: 0,85 Mach
• Кабински простор: 6 места за I-ва класа, 52 места за бизнис класа, 40 за премиум економи и 140 места (вклучувајќи 42 Квантас економи плус места)

Ербас А350-1000УЛР, финален производ за Квантасовиот амбициозен проект Изгрејсонце
Во јуни 2026-та година Квантас ја најави испораката на првиот тест примерок од новиот Ербас А350-1000УЛР за проектот Изгрејсонце. Воздухопловот би бил погонуван од два мотора Rolls-Royce Trent XWB-97
Директните летови од Сиднеј за Лондон се планирани за октомври 2027-ма година. Повеќето летови се планирани да одат преку Блискиот Исток, а за време на зимскиот период 20% од летовите би биле наведувани преку Северниот пол за да се искористат воздушните струи.
На 23 јули 2026-та година Ербас и Квантас извршија два директни лета на релација од Тулуз до Мелбурн и назад. Првиот лет, извршен на 23-ти и 24-ти јули од Тулуз до Мелбурн траеше 19 часа и 13 минути, прелетувајќи 16 900 км. Повратниот лет беше изведен на 27-ми и 28-ми јули на транспацифичката рута преку САД и Канада. Летот траел 24 часа и 24 минути (уривајќи го претходниот рекорд за непрекинат лет од 22 часа и 42 минути) при што биле поминати речиси 23 100 км.
Првиот комерцијален примерок со боите на Квантас, наречен Вега, е планирано да му биде испорачан на Квантас во април 2027-та година.

Екипажот што го прелета првиот авион од Тулуз до Мелбурн (фото: Квантас)