Астрономија и астронаутика
Пет дена по лансирањето на мисијата Артемида 1 работите засега се одвиваат според планираното – леталото Орион продолжува по својата траекторија кон Месечината и е на пат да го направи првиот прелет над површината на Месечината.
Објавено на 21.11.2022 - 10:45

Енергетика
Во време кога има глобален недостаток на енергија во светот, а цената на електричната енергија достигнува невидени вредности, еве една убава вест. На 15 километри од Штип, на падините од планината Богословец, крај селото Кадрифаково, во тек е изградба на ветерен парк, односно електрична централа за производство на електрична енергија од ветер.
Објавено на 19.11.2022 - 16:30

Автомобилска техника
На 5 декември ќе биде промовирана новата Тојота Приус. Ова е петтата по ред генерација на Приус. Првата беше промовирана во 1997 година како првиот сериски или високосериски автомобил во светот со хибриден погон. За него повеќе е пишувано во ЕМИТЕР 5/2011 – Хибридни погони (2): Првиот сериски HEV – Тојота Приус.
Објавено на 18.11.2022 - 19:00

Аудио и видеотехника
Еден од техничките трудови на Меѓународната конвенција за радиодифузија IBC 2022 (International Broadcasting Convention 2022), одржан од 9 до 12 септември во Амстердам, беше и трудот со следниот наслов “Вештачката интелигенција создава музика”. Овој технички труд ја разгледува музиката создадена од вештачка интелигенција и го поставува прашањето дали сите можеме да станеме Бетовен? Во поширока смисла ги разгледува проблемите врзани со музиката создадена од вештачка интелигенција, авторските права, сево ова врзано со креирањето на 10-тата симфонија на Бетовен.
Објавено на 18.11.2022 - 15:45

Омнибус
Оваа недела, од 14 до 20 ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот како и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите на Глобалната недела се претставници на приватниот, граѓанскиот и академскиот сектор.
Објавено на 17.11.2022 - 16:45

Информатика
Покрај уредите за подобрена и виртуелна реалност, плановите на Apple вклучуваат и сопствен виртуелен свет. Следната година Apple планира да претстави целосно нов производ, со кој го започнува својот налет на пазарот за кој многумина веруваат дека ја претставува иднината на компјутерите и начинот на кој го користиме интернетот. Станува збор за очила/уреди за проширена и виртуелна реалност, а планот на Apple за следните неколку години наводно вклучува дури три такви уреди.
Објавено на 17.11.2022 - 15:45

Астрономија и астронаутика
По 2 одлагања конечно се случи – утринава, со помош на најмоќната ракета во светот, успешно беше изведено лансирањето на вселенското летало Орион кое сега е на пат кон Месечината, како дел од програмата Артемида. Лансирањето се случи во 7 часот и 47 минути по македонско време, од лансирната рампа 39B во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида.
Објавено на 16.11.2022 - 10:45

Телекомуникации
Во септември оваа година се одржаа два важни настани за понатамошниот развој на Светското дигитално радио (Digital Radio Mоndiale – DRM): Третиот индиски автомобилски инфозабавен форум (India Automotive Infotainment Forum) и Меѓународната конвенција за радиодифузија IBC 2022 (International Broadcasting Convention 2022).
Објавено на 15.11.2022 - 14:30

Автомобилска техника
Кога со голема брзина ќе се помине преку некоја скалеста препрека на патот, како банкина, камен или слично, ако автомобилот е спортски или (неправилно) фризиран / прилагодуван за трки, најчесто се случуваат вакви хаварии. За што се работи?
Објавено на 14.11.2022 - 12:45

Аеронаутика
Skopje Air Fair претставува воздухопловен образовен саем и негова основна цел е промовирање на различните видови на професии во областа на воздухопловството. Саемот за прв пат се одржа минатата година во организација на Авикон, под покровителство на градот Скопје, а оваа година ќе се одржи на 13 ноември во Градскиот парк на локалитетот „Школка“, со почеток од 11 часот.
Објавено на 11.11.2022 - 14:15

Pages