Омнибус
Денес по 51 пат го одбележуваме Денот на планетата Земја, ден замислен за подигање на свеста во врска со глобалните еколошки проблеми. Покрај ова во денешниот времеплов 130 години од раѓањето на Херолд Џефрис, 145 години од раѓањето на Роберт Барани, и 329 години од раѓањето на шкотскиот математичар Џејмс Стирлинг. Пред точно 965 години на денешен ден кинеските астрономи го прават последниот запис од набљудувањето на суперновата што денес ја знаеме како маглината Рак. Одбележуваме и два мрачни датуми – денот кога за првпат беше употребено хемиско оружје и денот кога е за првпат бил направен ТВ-пренос од детонирање на нуклеарна бомба...
Објавено на 22.04.2021 - 22:00

Екологија
Планетата Земја ја доживува декадата на загадување и уништување, а човештвото одбива да ја научи оваа лекција и продолжува “по старо”...
Објавено на 22.04.2021 - 11:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме Перси Бриџмен, американски физичар познат по неговата работа во доменот на физиката на високи притисоци, и на Валтер Флеминг, германскиот биолог познат како зачетник на цитогенетиката. Покрај ова денес одбележуваме 49 години од слетувањето на петтата мисија со човечки екипаж, Аполо 16 на Месечината...
Објавено на 21.04.2021 - 22:30

Информатика
Вчера, со официјално место на случување означено како Торонто, а всушност онлајн по вторпат поради пандемиските услови, започна тек-конференцијата Collision. Ова е осмо издание на Collision, нарекувана и антипод на CES.
Објавено на 21.04.2021 - 14:15

Астрономија и астронаутика
Сенката на Ingenuity на површината на Црвената планета. Фотографијата е направана од камерите на хеликоптерот за време на првиот контролиран моторен лет. (NASA/JPL)
Како што веќе известивме, понеделникот се случи историскиот лет на малиот хеликоптер Ingenuity низ атмосферата на Марс. Се работи за вистински историски момент, бидејќи се работи за прв контролиран лет на еден воздухоплов во атмосферата на друга планета, различна од Земјата. Потврдата за успехот пристигна во 12 часот и 46 минути по македонско време.
Објавено на 21.04.2021 - 08:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Џералд Хокинс, астрономот кој прв обезбедил научни докази дека локалитетот на Стоунхенџ претставува праисториска опсерваторија, и на францускиот лекар Филип Пинел, кој ќе воведе револуција во начинот на којшто се третираат менталните болести. Покрај ова се сеќаваме на научните придонеси на Џон Гудрики...
Објавено на 20.04.2021 - 21:45

Екологија
"Пост Ковид обнова во заштитените подрачја" е една од темите кои ја означија неделата во која го одбележуваме Денот на Планетата Земја (22 април). Светскиот фонд за природа (WWF) и Министерството за животна средина и просторно планирање организираа онлајн настан за изнаоѓање на решенија и насоки за надминување на бројните предизвици кои произлегоа од пандемијата.
Објавено на 20.04.2021 - 15:45

Омнибус
На крајот од месецот март членовите од ВБУ Музички регистар ја покренаа иницијативата под име “1000 Subscribes“ (1000 претплатници) преку која прават напор да ја поддржат музичката фела во нивните напори да се прилагоди на новите трендови и да ја зголемат видливоста во дигиталниот свет, поточно на популарните музички сервиси за преслушување музика.
Објавено на 20.04.2021 - 14:00

Физика
Во последно време многу се пишува за корона вирусот, Д-димерите, лекувањето, вакцините итн. Сите започнавме да се разбираме, кој помалку, кој повеќе, во епидемиологија, инфектологија и во имунологија. Но, ајде да видиме еден поинаков пример, каде знаењето исто така може да спаси човечки животи.
Објавено на 19.04.2021 - 22:15

Омнибус
На денешен ден се навршуваат точно 50 години од лансирањето на првата вселенска станица во орбитата на Земјата – Саљут 1. Исто така во денешниот времеплов ги славиме родендените на американскиот хемичар Глен Сиборг и норвешкиот пронаоѓач Оле Евинруде, а покрај ова одбележуваме 46 години од лансирањето на првиот индиски сателит...
Објавено на 19.04.2021 - 16:00

Pages