Информатика
Благодарение на подобрувањата во неговите автоматизирани системи LinkedIn открива и блокира сè повеќе лажни кориснички сметки. А подобрувања се забележуваат и кога станува збор за отстранување на дезинформациите во последните шест месеци од 2021 година. Вака се тврди во последниот компаниски извештај за транспарентност на LinkedIn.
Објавено на 07.06.2022 - 13:00

Биологија
Научниците од Фондацијата за применета молекуларна еволуција (Foundation for Applied Molecular Evolution) минатата недела објавија дека рибонуклеинската киселина (РНК), пандан на ДНК што веројатно била првиот генетски материјал за животот, спонтано се формира на базалтната стаклена лава. Овој вид лава бил присутен во изобилство на Земјата пред 4,35 милијарди години. Слични базалтни наслаги од ова време преживеале и на Марс до денес.
Објавено на 07.06.2022 - 11:45

Макетарство и моделарство
Слетување за победа на Гоце Јосифовски
Во склоп на активностите на моделарската комисија при Воздухопловната федерација на Македонија, оваа година се организираа повеќе натпревари во категории кои претставуваат врв на воздухопловното моделарство. Па така изминатиот викенд се одржа воздухопловна манифестација од натпреварувачки карактер, но и со цел размена на искуства и рекреативно летање со разни категории на РУ модели.
Објавено на 06.06.2022 - 14:30

Информатика
За луѓе на одредена возраст, постојат видео игри што сите ги знаат. Некои од нив се Пекмен (Pac-Man) или првиот Super Mario Bros. Но, не би било погрешно да се тврди дека Тетрис, кој денес (6 јуни) полни 38 години, е можеби најпознатата игра од сите. Ако би ја следеле продажната метрика, биле продадени над 170 милиони копии од Tetris на речиси секоја гејмерска и компјутерска платформа што можете да ја замислите. Но, според некои листи, само Minecraft платформата, којашто е во постојан подем, има продадено повеќе од тоа.
Објавено на 06.06.2022 - 13:15

Информатика
На 1 jуни оваа година, во Националната установа библиотека “Григор Прличев” во Охрид, се одржа првото стручно предавање од областа на информатиката и вештачката интелигенција замислено како патување во времето што започнува некаде од средината на 50-тите години на минатиот век, па сè до денес. Автор и предавач беше вероjатно најголемиот авторитет во нашата држава за вештачка интелигенција – проф. д-р Анис Сефиданис од Охрид.
Објавено на 03.06.2022 - 15:30

Енергетика
Со масовната градба на фотовонапонски електрани во наредните години (не само кај нас, туку и во Европа), гладот за енергија на пладне ќе се намали. Со други зборови, дури и да увезуваме, преку ден цената нема да биде превисока. Можеби дури ќе се создадат и услови за повторно воведување на евтина дневна тарифа.
Објавено на 03.06.2022 - 14:15

Информатика
Google Drive на интернет конечно добива кратенки на тастатурата за копирање, сечење и лепење. Ова може да биде изненадување, но оваа можност претходно веќе не беше достапна за веб-клиентот на услугата за складирање датотеки во облак на Google. Сепак сега, или барем многу наскоро, таа ќе биде овозможена.
Објавено на 02.06.2022 - 16:45

Екологија
Во 2019 година, загадувањето e причинител на 9 милиони смртни случаи ширум целата планета. Станува збор за еден од 6 смртни случаи, ситуација споредлива со резултатите од анализата спроведена во 2015 година. Во извештајот објавен неодамна во The Lancet Planetary Health, иако има намалување на смртните случаи поради „извори на загадување поврзано со екстремна сиромаштија“ (на пример поради загадување на водата), истовремено е забележан пораст на смртните случаи причинети од индустриско загадување, особено како последица на присуството на одредени хемикалии.
Објавено на 02.06.2022 - 13:45

Биологија
Единственото растение или „клон“ на морската трева Posidonia australis во плитките, облеани со сонце води во Заливот на ајлулите.
Posidonia australis е древна и неверојатно издржлива морска трева која беше откриена во Заливот на ајкулите (Shark Bay), Западна Австралија. Таа е стара најмалку 4 500 години и се распостила на простор од 180 километри во плитките океански води од заливот.
Објавено на 01.06.2022 - 12:30

Астрономија и астронаутика
За време на непрекинатите радиотелескопски набљудувања на спиралната галаксија позната како NGC 2082, австралиските астрономи открија мистериозен јасен и компактен радиоизвор, што ја доби ознаката J054149.24–641813.7. Потеклото и природата на овој извор се непознати и потребни се дополнителни истражувања за да се открие. Наодот беше пријавен во трудот објавен на 23 мај на претпринт серверот arXiv.
Објавено на 01.06.2022 - 11:45

Pages