Веќе пишавме за кометата C/2023 A3 Tsuchinshan-ATLAS која за првпат по 80000 години минува низ Сончевиот систем. Кометата може деновиве да се види непосредно пред изгрејсонце, ако сте упорни и внимателни. Скопското астрономско друштво беа и упорни и внимателни и дарежливи, споделувајќи го нивното искуство од набљудувањето на кометата со прекрасна фотографија . Ви ја пренесуваме нивната приказна во продилжение...
Церера е првиот воопшто откриен астероид. Во 1801 година бил забележан од италијанскиот астроном Џузепе Пјаци. Но, Церера е всушност единствената џуџеста планета во внатрешниот Сончев систем и најголем објект во главниот астероиден појас сместен помеѓу орбитите на Марс и Јупитер.
Во сабота, 5 октомври, на Белата Ноќ на европската култура, во КИЦ-Скопје ќе се отвори ТАНЦОТ НА ФОТОНИТЕ, изложба на дела кои настанаа летово на работилниците за алтернативни фотографски процеси, во село Смилево, во организација на Зрно фестивалот.
Втората генерација на Старлинк сателитите испушта непланирано радиозрачење кое е и до 30 пати повисоко од порано, и ги попречува (радио) астрономските набљудувања. Ова го потврдија астрономите користејќи го радиотелескопот LOFAR кој работи на ниски фреквенции и е управуван од страна на институтот за радиоастрономија, ASTRON, во Холандија.
Во текстот под наслов 'За цената на нуклеарното гориво' претходно видовме дека цената на нуклеарното гориво (LEU - low enriched uranium), дури и при сегашните рекордно високи цени на ураниумот изнесува само околу 8 USD/MWh електрична енергија. Да ја разгледаме сега економската физибилност на инвестирањето во малите нуклеарни централи од новата генерација, базирани на мали модуларни реактори (SMR - small modular reactors).
Најлошиот момент/час/време (кажете како сакате) во текот на денот е ист за сите и има прецизен тајминг: пет наутро. Тим американски научници успеал точно да го пресмета. Еве како...
Научниците изработија запис од генетскиот план на човештвото во речиси неуништлив 5D мемориски кристал – нов формат за складирање податоци што може да ги сочува вредните информации безбедни во текот на милијарди години, потенцијално дури и до крајот на универзумот. Истражувачите веруваат дека временската ДНК капсула би можела да биде искористена за оживување на нашиот вид долго откако тој ќе изумре. Но, сите не се согласуваат со тоа.
Рака на срце, кога станува збор за кометите, никогаш не можеме да бидеме 100% сигурни дека ќе бидат видливи со голо око. Сепак, астрономите полагаат големи надежи за кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) која би требало да биде видлива непосредно пред зори, во текот на четири последователни утра во следните неколку дена. Кон средината на октомври може да уследат и дополнителни прозорци на видливост со голо око на ноќното небо
Јадранското Море е дом на илјадници различни морски видови, вклучително и многу кои ги нема никаде на друго место. Новите палеонтолошки истражувања покажуваат дека до средината на 20 век, Јадранското Море имало жив и здрав екосистем пред работите ненадејно да се променат...