Телекомуникации
Дејан (Z31RQ) и Ник (Z32TW), во присуство на Боби (Z33PB) како сведок, ги поправија сопствените и македонските рекорди на радиоаматерските бандови 1.296, 2.304 и 10.470 MHz, како и на слободниот банд 915 MHz, односно на брановите должини 23, 13, 3 и 33 cm. Работејќи од портабл премостено е растојание од 77,02 km помеѓу манастирот „Св. Илија“, на самата македонско-грчка граница (локатор KN00QV20XV) и манастирот „Св. Недела“ кај Стровија, на границата помеѓу општините Долнени и Чашка (KN01QN86RN), што е поблиску до Скопје отколку до грчката граница.
Објавено на 03.11.2022 - 13:15

Омнибус
Минатата недела во Битола се одржа јубилејното 30 издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300”. Целиот процес на селекција и жирирање заврши на 27 октомври, по што на 28 октомври следуваше официјалната проекција, а ден подоцна и свеченото доделување на наградите и признанијата. Годинава во конкуренцијата влегоа 40 документарни филмови од македонски и странски автори, а публиката имаше можност да проследи 25 филмови од 11 различни држави, односно 11 различни филмски култури и продукции...
Објавено на 02.11.2022 - 12:30

Омнибус
Овој месец, на 3 и 4 ноември, во фоајето на киното Синеплекс во Скопје, ќе се одржи Саемот на креативни индустрии, под покровителство на Министерството за култура, а организиран од страна на здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со киното „Синеплекс. Во рамките на креативни индустрии влегуваат музеите, библиотеките и галериите, маркетингот и рекламирањето, дизајнот на производи, модниот и графичкиот дизајн, архитектурата, занаетите, телевизијата, видеоизразот, фотографијата, филмот и радиото, издаваштвото, креирањето софтвер и компјутерските услуги, музиката, перформансите и визуелните уметности.
Објавено на 02.11.2022 - 11:15

Макетарство и моделарство
Подготвени за старт на почетната линија за старт
Во склоп на активностите на Воздухопловната федерација на Македонија, Моделарска комисија, и оваа година се организираа повеќе натпревари во категории кои претставуваат врв на воздухопловносто моделарство. Па така изминатиот викенд на 30.10.2022 г. (неделата) се одржа Државното првенство кое претходно беше прекинато поради временски неприлики, односно ветер посилен од дозволеното според правилникот на ФАИ.
Објавено на 01.11.2022 - 14:45

Аеронаутика
Во изминатите години од Куба многумина избегале по морски пат со чамци, но и пловила-самоградби, само да стапнат на тлото на САД со надеж дека ќе добијат политички азил. Но некој со воздухоплов да пребега од Куба во САД и притоа да остане незабележан во густиот воздухопловен сообраќај во близина на Мајами е навистина реткост. Токму затоа вистинска сензација предизвика прелетот на кубанскиот пилот Рубен Мартинез, кој полетал од аеродромот Санкти Спиритус (Sancti Spiritus) на Куба а слетал на аеродромот Дејд-Колиер (Dade-Collier), во близина на Мајами, Флорида.
Објавено на 31.10.2022 - 11:45

Географија
Распределба на временските зони во Европа според астрономските фактори 
Секоја година во деновите пред преминот од летно на зимско сметање на времето стануваат актуелни дискусиите за нашата временска зона. Во земјите-членки на ЕУ и кај нас и годинава остана во сила старата одлука за летно и зимско сметање на времето, но интересно е што кај нас некои започнаа да се залагаат за останување на летното сметање на времето, односно за премин од средноевропско време (CET или GMT+1) на источоевропско време (GMT+2). Од астрономска гледна точка за таков чекор нема никакво оправдување, како што ќе видиме подолу.
Објавено на 29.10.2022 - 19:15

Омнибус
Даниел Мекин Фримен, кандидат за доктор по социологија и Дара Шифрер, вонреден професор по социологија, спровеле истражување со цел да утврдат како изучувањето на некоја од уметностите влијае врз постигнувањата во доменот на математиката и како овие постигнувања варираат врз основа на социо-економскиот состав на училиштето. Притоа тие ги користеле информациите достапни во американската голема национална репрезентативна база на податоци. Имено, училиштата со понизок социо-економски статус (СЕС) имаат поголем процент на ученици кои имаат право на бесплатен ручек или оброк по пониска цена.
Објавено на 28.10.2022 - 13:45

Аеронаутика
Еурофајтер Рафал патролира во пар
Во изминатиот период доста земји од Балканот и пошироко се одлучија да ја модернизираат својата борбена флота со авиони ловци од 3/ 4 генерација. Тоа веќе го реализираа Грција и Хрватска, а неодамна и Србија се одлучи за замена на своите авиони Миг-29 со посовремени.
Објавено на 27.10.2022 - 11:30

Астрономија и астронаутика
Уметнички приказ на мисијата М1 на 'чекор' до Месечината
Додека американците се натегаат со проблеми со хардверот и временската прогноза при лансирањето на мисијата Артемида, во меѓувреме една јапонска компанија најави дека наскоро ќе ја лансира првата од серијата вселенски мисии кон Месечината.
Објавено на 26.10.2022 - 13:45

Екологија
Кога би биле наредени еден врз друг, некористените мобилни телефони би достигнале височина од 50 000 километри, или 100 пати поголема висина од онаа на којашто се наоѓа Меѓународната вселенска станица, објави истражувачкиот конзорциум WEEE. Експертите процениле дека повеќе од пет милијарди мобилни телефони, од вкупно 16 милијарди колку што се проценува дека постојат во светот, ќе бидат отпишани или фрлени оваа година. Имајќи го ова предвид, експертите побараа рециклирање на материјалите што ги тие содржат, пренесува AFP.
Објавено на 25.10.2022 - 15:45

Pages