Биологија
Многупати и од многумина веројатно сте слушнале дека убаво се чувствуваат кога работат во градината или кога го поминуваат денот во природа одморајќи на некоја зелена ливада. И сигурно, кога сте го слушнале тоа, како и јас, сте мислеле дека тоа е заради чистиот воздух или радоста дека она што го...
Објавено на 17.09.2012 - 17:18

Информатика
На последниот ден на "ИДФ 2012 Сан Франциско", воведното предавање го одржа главниот службеник за технологија на Интел – Џастин Ратнер (Justin Rattner). Тој ја сумираше својата визија за иднината на безжичните комуникации обраќајќи им се на присутните со следните зборови: " Во иднината, ако уредот содржи компјутерски дел, тогаш тој ќе биде во состојба да се поврзува со други уреди. Од наједноставните embedded сензори, па сè до најнапредните податочни центри во облак, ние ги бараме начините на кои сите овие работи меѓусебно ќе се поврзат, без потреба од кабли ." Ратнер премиерно го демонстрираше првото воопшто целосно дигитално WiFi радио, наречено "Радио на Муровиот закон"
Објавено на 14.09.2012 - 13:30

Телекомуникации
Тим Кук, CEO на Apple, вчера во Сан Франциско го претстави новиот iPhone 5. Презентацијата беше одржана на само стотина метри од местото каде што се одржува "ИДФ Сан Франциско 2012". Како што и беше очекувано, iPhone 5 доаѓа со нешто поголем 4-инчен екран, а е тенок само 7,6 mm. Во срцето на уредот...
Објавено на 13.09.2012 - 16:28

Информатика
Вториот ден од ИДФ започна со воведното предавање (keynote) на Рене Џејмс (Renée James), постар потпретседател и генерален менаџер на Групацијата за софтвер и услуги на корпорацијата Интел, која ја претстави својата визија за транспарентна компјутерска техника и технологија. Концептот како таков може да биде воспоставен единствено доколку постои отворен систем за развој, кој ќе овозможи кодот што ќе го испрограмираат развојните софтверски инженери и програмери непречено да се вчитува и да работи независно од средината на опкружување и уредот кој се употребува. На овој начин би се намалила потребата за компромис меѓу финансиските и техничките услови кои треба да се задоволат.
Објавено на 13.09.2012 - 14:45

Информатика
И започнавме... По долгата ноќ на исчекување и возбуда, утрото заедно со колегите новинари се упативме од хотелот Хилтон кон Москон центарот во Сан Франциско, каде што се одржува ИДФ. Како мал куриозитет, токму оваа година ИДФ одбележува 15 години од своето постоење, време за кое досега се одржале над 100 вакви форуми на повеќе локации во светот. По пристигнувањето и регистрацијата следува донесување тешка одлука: што да се проследи денес. А, денешната понуда од презентации и демонстрации на производи и технологии беше опширна, сите теми повеќе од примамливи
Објавено на 12.09.2012 - 13:45

Информатика
Пред официјалниот старт на ИДФ 2012, еден ден порано Интел организираше неколку настани (панел дискусија, проекција на филм, техничка изложба) на кои се разгледуваше начинот на кој луѓето денес ја восприемаат и вклопуваат современата технологијата во нивната претстава за светот на иднината...
Објавено на 11.09.2012 - 14:00

Информатика
Оваа година за првпат имаме можност нашите читатели директно да ги информираме за настаните од конференцијата ИДФ во Сан Франциско, која секоја година во септември се одржува во овој град. Имено, благодарение на нашите деловни соработници, Примарк комуникации, официјалната PR-агенција на Интел за Mакедонија, ЕМИТЕР ексклузивно ќе земе учество во овогодишната конференција која ќе се одржи од 11 до 13 септември во Сан Франциско (САД) и од самото место ќе ги информира своите читатели за неколку од десетините настаните кои го одбележале тековниот ден. Задоволството е уште поголемо бидејќи ЕМИТЕР е единственото списание од Македонија кое директно ќе ги следи овие настани, а неговите читатели ќе ја имаат повластената можност да се информираат директно, од прва рака, за овој, еден од најзначајните настани во годината од сферата на информатичката технологија
Објавено на 10.09.2012 - 18:30

Медицина
Американски научник Реј Курзвеил, кој веќе подолго време работи на истражување на нанотехнологија, тврди дека размената на генетиката и развојот на компјутерската технологија се движат со невидена брзина и дека како резултат на тоа луѓето можат да станат "бесмртни" за помалку од 20 години...
Објавено на 06.09.2012 - 13:17

Астрономија и астронаутика
Слоеви на магла ја прекриваат Сатурновата месечина Титан на оваа фотографија направена од Војаџер 1 во сега далечната 1980 година. Фотографијата е направена при разминување на оддалеченост од 22 000 километри и е лажно обоена за да се истакнат деталите на маглината. Горниот густ слој од аеросол на...
Објавено на 05.09.2012 - 13:02

Информатика
Овој лаптоп компјутер е дел од првата палета производи за кои HP најави дека доаѓаат со вклучен Microsoft ® Windows ® 8. HP ENVY TouchSmart Ultrabook 4 плени со својот метален дизајн. Уредот е опремен со multitouch HD дисплеј со дијагонала од 35,5 cm (14"), дебел е сè на сè 23 mm и тежи едвам 2,16...
Објавено на 31.08.2012 - 12:11

Pages