Кога си мртов, мртов си – нели? Нема пулс, нема мозочна активност, нема знаци на живот. Но, на ниво на ќелии работите сè уште функционираат, клетките и процесите не ја регистрираат судбината на организамот во целина. А некои функции, како, на пример, развојот на гените, дури и ги забрзуваат нивните процеси.
Видеото, објавено на YouTube каналот на Science, ги прикажува работите што научниците ги дознаваат за процесите што се случуваат во човечкото тело по настанок на смртта. Истажувањата може да донесат многу нови сознанија и напредок во ред медицински процедури, од подобрување на процедурите за пресадување на органи, до прецизна проценка на времето на настанок на смртта.
За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.