Успешното лансирање на сателитот Кекјао (Queqiao) овој викенд ја претставува следната фаза во амбициозната лунарна истражувачка програма на Националната вселенска агенција на Кина. Кинеската програма за истражување на Месечината, во чијшто склоп пред некоја година беше лансиран и месечевиот ровер Килибарен зајак, е планирано да кулминира во втората половина на оваа година, со првото слетување на вселенско летало на невидливата (другата) страна на Месечината.
Кекјао беше лансиран во неделата, со помош на ракетата Долгиот марш 4Ц, од Центарот за лансирање сателити Ксичанг (Xichang) во провинцијата Сечуан.
Сателитот треба да влезе во стабилна лунарна орбита, каде што ќе служи како комуникациски релеј за претстојната мисија Чанге-5 (Chang'e-5), којашто ќе понесе изобилство од кинески и европски инструменти, вклучувајќи и нов лунарен ровер, на Месечината. Чанге 5 е планиран за слетување во кратерот Фон Карман во басенот Ејткен, на јужниот пол на Месечината.
Планираниот работен век на мисијата Кекјао е 5 години, а ќе претставува врска помеѓу опремата на површината на Месечината и контролниот центар во Кина.
Заедно со главниот сателит, лансирани се и две помали сонди, наменети за радиоастрономија и аматерски радиоврски.
Кина работи на испраќање на човек на Месечината, но според сите најави, за ова ќе мора да почекаме уште 15-ина години.