Астрономија и астронаутика
Според податоците од Кеопс, егзопланетата со големина на Нептун, LTT9779b рефлектира 80% од светлината од матичната ѕвезда
Вжештениот свет на којшто од метални облаци врнат капки титаниум е најрефлектирачката планета што досега била забележана надвор од нашиот Сончев систем, известија астрономите во понеделникот. Како што отлриваат новите набљудувања направени со европскиот вселенски телескоп Кеопс, наменет за истражување на егзопланети, овој чудесен свет, оддалечен повеќе од 260 светлосни години од Земјата, рефлектира дури 80% од светлината од својата матична ѕвезда. Тоа ја прави прва егзопланета чијшто сјај може да се спореди со оној на Венера, која е најсветлиот небесен објект на земското ноќно небо, по Месечината, се разбира.
Објавено на 10.07.2023 - 15:30

Информатика
Колкава е сличноста помеѓу новата апликација на Инстаграм, Тредс (Threads), со Твитер? Во предупредувачкото писмо за прекин и откажување објавено минатата недела, Твитер се закани со правна постапка против матичната компанија на Инстаграм, Мета, поради новата апликација Тредс којашто дава предност на текстуалното изразување. Од Твитер велат дека апликацијата е копија на нивниот модул.
Објавено на 10.07.2023 - 14:30

Астрономија и астронаутика
Слика од длабоката вселена направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.
Во рамки на набљудувањата за истражувањето Cosmic Evolution Early Release Science, вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја забележа досега најоддалечената супермасивна црна дупка – ситна девијација што се изнедрила околу 570 милиони години по Биг бенгот. Но, ова не е единствено изненадување. Црната дупка, сега именувана како CEERS 1019, има девет милиони пати поголема маса од нашето Сонце!
Објавено на 07.07.2023 - 16:45

Психологија
Во текот на еден типичен ден, креативните луѓе имаат поголема веројатност да го извлечат максимумот од времето поминато во безделничење со истражување на нивниот ум, укажува новата студија на истражувачите од Универзитетот во Аризона.
Објавено на 07.07.2023 - 15:15

Геологија
Иако спектакуларна оваа вулканска олуја не е од Тонга туку е снимена при ерупцијата на исландскиот вулкан Eyjafjallajokull во април 2010 година
Се сеќавате ли на жестоката ерупција на вулканот Хунга Тонга што се случи во на почетокот од минатата година? Еруптивната, експлозивна моќ на Хунга Тонга што исфрли материјал дури до стратосферата собори многу рекорди. Сега постави уште еден – бројот на молњи и громови што се формирале во текот на ерупцијата.
Објавено на 06.07.2023 - 13:30

Информатика
Таблет со фрагмент од епот на Гилгамеш пишан со акадско клинесто писмо.
Клинестото писмо е најстарата позната форма на пишување, но само неколку стотици експерти во светот можат да го дешифрираат. Сега, тим од израелски археолози и компјутерски научници разви програма за превод во стилот на Google Translate, што користи вештачка интелигенција за преведување на текстови напишани со староакадското клинесто писмо на англиски јазик. Резултатите се ветувачки, но програмата сè уште може да се подобри. Проектот претставува важен исчекор бидејќи со преведување на древните акадски текстови би можеле да откриеме досега непознати антички традиции.
Објавено на 06.07.2023 - 11:45

Историја и археологија
Пред 80 години на денешен ден започна битката кај Курск, најголемиот тенковски судир во историјата. Шестотини километри јужно од Москва, според извештаите на германските извидувачки авиони во реонот на Курск се наоѓа клинот – најиспакнаттакнатиот сектор од фронтовата линија во кој се распоредени припадниците на Црвената армија, и кој на повеќе од сто километри навлегува во реонот што сѐ уште го држат германските трупи. За германците ова е речиси идеално сценарио во кое со брза акција и движење од правците север и југ би можеле да фатат во обрач и од главнината да отсечат околу милион руски војници распоредени во тој простор...
Објавено на 05.07.2023 - 15:45

Климатологија
Просечната глобална температура надмина 17 степени за прв пат од почетокот на евиденцијата во 1800-тите. Просечната дневна температура на воздухот на површината на планетата на 3 јули беше регистрирана на 17,01 Целзиусови степени според податоците од Националниот центар за предвидувања за животната средина, огранок на NOAA. Рекордот ја надмина претходната највисока просечна дневна температура од 16,92°C забележана во август 2016 година, за време на последниот период на Ел Нињо што го прогласија нациите и во западниот и во источниот дел на Тихиот Океан.
Објавено на 05.07.2023 - 13:45

Омнибус
Конечно, сендвич направен со пилешко месо одгледувано во лабораторија ќе стане дел од менито – барем за оние што живеат во САД. Имено, минатата недела американското Министерство за земјоделие го даде првото одобрение за клеточно култивирано месо произведено од две компании, GOOD Meat и UPSIDE food. Обете компании одгледуваат мали количества пилешки клетки во парчиња месо, без потреба од колење на животни. Ова е последната регулаторна поддршка што им беше потребна на компаниите со седиште во Калифорнија да започнат со продажба и послужување на нивните производи во САД.
Објавено на 04.07.2023 - 14:30

Географија
Во првите 6 месеци од оваа година регистрирани се 100 нови винарии. Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство заклучно со 30 јуни во својот вински регистар евидентира 250 винарии од кои 167 се винарии од физички лица односно семејни винарии, а останатите како комерцијални фирми – винарии.
Објавено на 04.07.2023 - 12:30

Pages