Математика
Голем успех на Македонската репрезентација на Јуниорската Балканска математичка олимпијада 2023. Освен што нашите математичари се враќаат со златен медал од 27-мата Јуниорска Балканска математичка олимпијада, што само по себе е огромен успех, тие израдуваа со уште еден детаљ – Македонија е единствената земја која освои златен медал со максимален број на поени! Дополнителна радосна вест е што и една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Објавено на 27.06.2023 - 12:00

Екологија
Од каде потекнува повеќегодишниот облак од јаглероден диоксид што ја обвива и ја задушува планетата? Зборувајќи за климатската криза, ќе потсетиме дека индустријализираните земји се првенствено одговорни за емисиите на CO 2 , особено за оние што се досега произведени. Трите нови анимации на НАСА, што може да ги погледнете во прилог, го прават концептот за обемот и распространетоста на облакот од јаглероден диоксид во атмосферата, помалку апстрактен.
Објавено на 26.06.2023 - 19:15

Електроника
Калкулатор RIZ DESCOM 86
DESCOM 86 е џебен калкулатор произведен од RIZ (RIZ – Radio Industrija Zagreb), некаде во средината на 70-тите години. Ова е едноставен калкулатор кој може да ги извршува само четирите основни аритметички операции и да пресметува проценти. Има дисплеј со црвени светлечки диоди, со вкупно 9 цифри и може да се напојува од батерија од 9V или со надворешен адаптер за мрежен напон.
Објавено на 26.06.2023 - 13:45

Психологија
Според една студија, промена во критериумот според кој се даваат оценките во училиште би можелa да им помогне на учениците да работат повеќе. Еве како...
Објавено на 26.06.2023 - 12:30

Наутика
Остатоците од батискафот „Титан“ на океанското дно близу Њуфаундленд потврдуваат дека катастрофата се случила поради разурнување од имплозија на структурата на батискафот. Што претставува и како настанува имплозијата? Да се послужиме со еден едноставен и секојдневен пример. Ако земеме пластично шише и од него го извлечеме воздухот, тогаш шишето ефективно го товариме со надворешниот, атмосферски притисок на воздухот. Ова претставува спротивен случај на оптоварувањето со внатрешен притисок на гас кај резервоарите.
Објавено на 23.06.2023 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Фотографија направена ноќта помеѓу 19 и 20 јуни.
Велат дека природата е најдобриот и најкреативниот уметник кој го создал целиот Универзум. Ноќното небо исполнето милијарди галаксии и уште повеќе ѕвезди е само една потврда за тоа. Погледот го одзема здивот. На фотографиите и видеото е само еден дел од таа прекрасна небесна убавината на ноќното небо над Штип. Уживајте...
Објавено на 23.06.2023 - 14:15

Енергетика
Рекреативниот центар Егзмут (Exmouth Leisure Centre), во југозападниот дел на Англија, користи мошне интересна иновација што му помага да ги намали сметките за греење на нивниот затворен базен. Имено, рекреативниот центар ја користи топлината што ја емитуваат серверите од малиот податочен центар сместен на оваа локација како извор за греење на водата во базенот.
Објавено на 23.06.2023 - 13:00

Информатика
Алката што недостасува во сечиј студентски живот! БЕСТ Скопје (Борд на европски студенти по технологија), по 18 пат го организира Летниот академски курс. Овој настан, кој што прерасна во децениска традиција, е синоним за врвно студентско комплементарно образование, стручно доусовршување, но и интеркултурно запознавање со млади луѓе од сите краеви на Европа.
Објавено на 22.06.2023 - 14:30

Омнибус
Најголемата германска издавачка куќа Аксел Спрингер, која меѓу другото го издава и таблоидот Билд, најави масовни отпуштања и делумна замена на отпуштените работници со вештачка интелигенција, пренесуваат германските медиуми.
Објавено на 22.06.2023 - 11:00

Математика
Ако вонземјаните ни испратат порака, новиот математички пристап би можел да го открие бројот и големината на димензиите на пораката.
Една од најпознатите пораки што некогаш биле испратени во вселената претставува низа од 1679 бита испратени од радиотелескопот Аресибо во 1974 година. Но, ако Е.Т. ни испрати ваква низа, како ние Земјаните воопшто би можеле да започнеме да ја декодираме? Еден нов математички пристап предлага како тоа може да се изведе.
Објавено на 21.06.2023 - 18:45

Pages