Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на квазарот-рекордер J059-4351
Со помош на VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, астрономите пронајдоа квазар којшто не само што е најсјаен објект од овој тип, туку е и најсветлиот објект што некогаш бил забележан. Квазарите, всушност, претставуваат сјајни јадра од далечни галаксии, а нивен главен извор на енергија се супермасивните црни дупки.Па така, “чудото” на најсветлиот квазар се напојува од најбрзорастечката црна дупка што досега била забележана, а која дневно расте во маса еквивалентна на едно Сонце...
Објавено на 20.02.2024 - 16:15

Енергетика
Досега ја анализиравме контроверзната зделка за гасната Те-То „Митилинеос“, со сите коруптивни елементи содржани во неа. За прв пат ќе ги анализираме „стратешките инвестиции“ во фотонапонските електрични централи (ФЕЦ), што Владата исто така сака да ги озакони со посебен закон, согласно докажано коруптивниот (според ДКСК) Закон за стратешки инвестиции, заобиколувајќи го Законот за јавни набавки. Избегнувајќи тендер, испуштена е можноста преку наддавање да се постигне евентуално пониска цена на електричната енергија меѓу повеќето понуди.
Објавено на 20.02.2024 - 13:15

Психологија
Меморијата има лоша “навика” да бледнее со текот на времето. Со изминување на часовите и деновите, ситуацијата што сме ја доживеале, деталите за луѓето кои сме ги запознале, што тие рекле, како биле облечени, стануваат сѐ поматни. Но, се чини дека ова универзално правило не важи толку кога е во прашање сеќавањето за локацијата. Имено, генерално многу добро се сеќаваме каде бил поставен некој предмет, дури и кога забораваме на сè друго. Откритието објавено на bioRxiv може да биде искористено од оние кои ја проучуваат веродостојноста на судските сведочења.
Објавено на 20.02.2024 - 11:45

Информатика
Amazon AGI објави дека го развиле најголемиот модел за текст во говор што некогаш бил создаден. Притоа се објаснува дека поимот “најголем” значи дека моделот има најмногу параметри и дека за негова обука била користена досега најголемата база на податоци. Научниот тим на Amazon AGI го опишува равојот и обуката на моделот во научниот труд којшто е достапен на предпринт серверот arXiv.
Објавено на 19.02.2024 - 15:30

Телекомуникации
Јапонскиот месечев ровер LEV-1 ја преживеа поларната ноќ на јужниот пол на Месечината и после 14 дена поминати на -130 степени Целзиусови, успеа да се разбуди и да профункционира. Ова овозможи двајца радиоаматери од Битола (Дејан Трајковски – Z31RQ/P и Николче Стојановски – Z32TW/P) конечно да ги примат, односно детектираат слабите сигнали од роверот, на фреквенција од 437,41 MHz. Еве како вчерашниот настан го опишува еден од радиоаматерите, професорот Дејан Трајковски:
Објавено на 17.02.2024 - 13:45

Астрономија и астронаутика
Овојпат фотографијата на неделата е всушност видео. Роверот Пeрсевиранс го сними поминувањето на месечината Фобос пред Сонцето. Глетката се разликува од она што во ваквите прилики може да го видиме на Земјата, а во тоа можете да се уверите и самите од видеото во прилог.
Објавено на 16.02.2024 - 12:15

Омнибус
Портрет на Галилео Галилеј
15 февруари е роденден на Галилео Галилеј (Galileo Galilei, 1564 – 1642), италијанскиот физичар и астроном и првиот човек кој го насочил телескопот кон небото за вршење на астрономски набљудувања. Првите негови откритија биле во областа на физиката, а неговата дејност во астрономијата започнала кога тој самиот конструирал телескоп во 1609 година.
Објавено на 15.02.2024 - 23:00

Информатика
Германскиот производител на батерии за автомобили Varta AG соопшти дека кибер нападот што се случил во понеделникот ја пореметил работата на пет производствени погони. Детали за нападот беа дадени во официјално соопштение од компанијата, објавено во вторникот.
Објавено на 15.02.2024 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Уметничка визија на лендерот Нова-Ц на површината на Месечината
Само неколку недели откако компанијата Астроботик потврди дека нејзината мисија Перегрин ќе заврши на дното на Тихиот Океан, компанијата Интуитив Машинс од Тексас ќе направи свој историски обид да стане прва приватна компанија што успешно слетала сонда на Месечината. Лансирањето на мисијата IM-1 е закажано за 15 февруари од Вселенскиот центар Кенеди, на Флорида, во раните утрински часови. Лендерот до вселената треба да го однесе ракетата Фалкон 9 на СпејсЕкс.
Објавено на 14.02.2024 - 11:30

Телекомуникации
Како потсетник на денот кога кога ООН го основала радиото на Обединетите нации – 13 февруари 1946 година, денес во светот се одбележува Светскиот ден на радиото. Прославата оди под мотото “Век на информирање, забава и едукацијa”.
Објавено на 13.02.2024 - 17:00

Pages