Биологија
Уметнички приказ на собирање ледени јадра од ледник во пештера
Во длабочините на пештерата Скаришоара (Scărișoara) во Романија се наоѓа еден од најголемите подземни глечери во светот – масив од мраз со волумен од околу 40 олимписки базени, кој почнал да се формира пред приближно 13 000 години. Во таа замрзната архива на минатото, научниците изолирале бактерија стара околу 5000 години која покажува отпорност на дел од денешните антибиотици.
Објавено на 23.02.2026 - 15:45

Информатика
Автономен агент на вештачка интелигенција напиша и јавно објави персонализиран напад врз одржувач на софтвер со отворен код откако му бил одбиен придонес во кодот, објави деновиве „Фаст компани“. Ова е еден од првите документирани случаи во кои вештачка интелигенција се обидува јавно да дискредитира лице како форма на одмазда.
Објавено на 21.02.2026 - 16:00

Електроника
Дали знаете дека ROM меморијата на компјутерот за навигација користен во мисиите Аполо, секако и онаа најславната Аполо 11, била буквално плетена од искусни работнички? Прочитајте повеќе во текстот во продолжение...
Објавено на 20.02.2026 - 14:30

Омнибус
По повод Меѓународниот ден на жената, Women in Tech Macedonia ве поканува да номинирате жена која е инспирација за вас или да ја споделите својата приказна со фокус на умовите и гласовите што ја обликуваат македонската технолошка сцена трпеливо, упорно, храбро, посветено и со визија.
Објавено на 20.02.2026 - 13:00

Колумна
Течниот природен гас (ТПГ), на англиски јазик “liquefied natural gas“ (LNG), стана многу актуелен последниве години откако се појави енергетска криза во светот, а и поради транзицијата кон “зелена“ енергија заради климатските промени. Пред неколку дена во медиумите беше објавена “Заедничка изјава помеѓу САД и Република Македонија (РМ) за реципрочна трговија“ во која воглавно се опфатени договорени царински стапки, но беше спомната и набавка на американски течен природен гас (LNG) по завршувањето на новиот гасен интерконектор на Македонија со Грција...
Објавено на 19.02.2026 - 14:15

Роботика
Кога на сцената на традиционалниот новогодишен спектакл на China Central Television (CCTV) се појавија хуманоидни роботи со мечеви, стапови и нунчаки во рацете, публиката не гледаше само кореографија. Гледаше технолошка демонстрација во живо.
Објавено на 18.02.2026 - 11:45

Информатика
Во ера кога интернетот навидум „памети сè“, парадоксот е што најбрзо ги губиме локалните сеќавања. Сајтовите згаснуваат, линковите се заменуваат со порака „404“, а дигиталните архиви исчезнуваат побрзо од пожолтените страници на старите весници. „ВБУ Музички регистар“ беше токму тоа - бастион на податоци за македонската музичка сцена. Кога сајтот престана со работа, остана празнина. Но, неодамна, таа архива прозборе. И тоа буквално.
Објавено на 17.02.2026 - 17:45

Информатика
ВИ што вработува луѓе звучи како тема украдена од научно-фантастичен роман или филм, а всушност е реалност што веќе чука на врата...
Објавено на 17.02.2026 - 14:15

Колумна
Да се бараат врвни научни резултати во услови на системски ограничувања („калдрма“) е инфраструктурен апсурд за кој често дебатираме. Но, таа инфраструктура е само видливиот дел од сантата мраз. Под површината се кријат механизми што тивко, но темелно го пренасочуваат нашиот интелектуален суверенитет – и во крајна линија, директно ја нагризуваат националната безбедност.
Објавено на 15.02.2026 - 15:00

Телекомуникации
Како потсетник на денот кога кога ООН го основала радиото на Обединетите нации – 13 февруари 1946 година, денес во светот се одбележува Светскиот ден на радиото. Оваа година Светскиот ден на радиото е посветен на „Радиото и вештачката интелигенција“.
Објавено на 13.02.2026 - 23:00

Pages