Информатика
Нов агент на вештачка интелигенција развива алгоритми за математика и практични апликации во информатиката со комбинирање на креативноста на големите јазични модели со автоматизирани евалуатори
Објавено на 27.05.2025 - 12:45

Автомобилска техника
Volvo е прв производител на автомобили којшто го воведува Gemini како замена за Google Assistant во автомобилите, преку проширено партнерство со Google
Објавено на 26.05.2025 - 13:00

Енергетика
Постепено го склопуваме мозаикот за причините на неделниот блекаут во Македонија. Од МЕПСО беше кажано дека причина бил превисокиот напон на далноводот кон Србија од дури 460 kV, што е за цели 15% повеќе од номиналниот напон од 400 kV.
Објавено на 26.05.2025 - 12:15

Енергетика
Најпрво една молба до политичките партии да престанат да зборуваат напамет и взаемно да се обвинуваат додека не се утврдат причините за последниот блекаут во Македонија, што допрва ќе треба да ги анализираат во МЕПСО и евентуално во ЕВН. Се работи за нова болест на системот, чија потенцијална причина ќе ја разгледаме подолу. Ако врз основа на симптомите ја потврдиме болеста, во иднина ќе го знаеме и лекот.
Објавено на 23.05.2025 - 11:45

Информатика
Најпопуларната криптовалута, по остриот пад во април, сега ја проби својата највисока вредност досега и надминува 110 000 долари. Eкспертите велат: Доаѓаат нови рекорди
Објавено на 23.05.2025 - 11:15

Медицина
Во првите месеци од пандемијата владееше страв и неизвесност поради вирусот кој глобално се ширеше и немилосрдно ги убиваше најранливите. Официјално, ефективни третмани не постоеја, иако вистината е поинаква. Уште во април 2020 имаше високо ефективна терапија, но таа главно беше игнорирана и се тргна во развој на нови лекови и вакцини. Сега, 5 години подоцна, благодарение на истражувачите од веб страницата c19early.org, имаме многу јасна слика кои третмани за ковид се ефективни, а кои се неефективни па дури и опасни. Генералниот заклучок е дека најефективните третмани се најевтини, најнеефективните третмани се најскапи, а голем дел од скапите третмани не само што се неефективни, туку и го зголемуваат ризикот. Но, да одиме по ред.
Објавено на 22.05.2025 - 12:00

Омнибус
Како долгогодишен визитинг професор и член на комисија за докторски студии на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, македонскот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш одржа серија предавања пред судентите на постдипломски студии од областа на комуникации и хуманистички науки на тема: „Улогата на драмскиот жанр во тековите на светската историја од Антиката до денес“.
Објавено на 20.05.2025 - 18:15

Енергетика
Вчерашниот утрински блекаут (прекин, односно распад на електроенергетскиот систем во Македонија) според МЕПСО официјално се случил поради пренапон пренесен преку мрежата од странство, поради што релејната заштита ги прекинала интерконекциите со соседните земји.
Објавено на 20.05.2025 - 14:30

Електроника
Со одржувањето на големото финале во просториите на ФЕИТ во саботата, на 17 мај, се спуштија завесите на овогодинешниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција – Робомак 2025.
Објавено на 20.05.2025 - 13:45

Информатика
Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја освоија главната награда за најдобар проект на 29-тото издание на ICAMES (International Cultural and Academic Meeting of Engineering Students) – меѓународна културна и академска средба на студенти по технички науки, организирана од Друштвото на инженери при Универзитетот Боазиџи во Истанбул, Турција, во периодот од 5 до 11 мај 2025.
Објавено на 19.05.2025 - 13:15

Pages