Автомобилска техника
Нема играње со бренд како Порше (Porsche) којшто е толку длабоко наденат во дамарите на љубителите на автомобилите така што некои од поклониците не можат ниту животот да го замислат без него. Познато е дека Порше е светски лидер во високосериско производство на спортски автомобили со врвен квалитет. Магијата, која истовремено е и проклетство на овој бренд, е добро познатата и секогаш присутна 911-ка, што како камен околу вратот му тежи на овој производител. Но, великаните и генијалците во маката се познаваат, особено кога успеваат да ја претворат во магија. Па така е и со Порше...
Објавено на 26.01.2023 - 10:45

Историја и археологија
Саркофагот на Златното момче е откриен на гробиштата Наг ел-Хасаја крај Каиро, каде бил скриен во текот на 2 миленуми
Запознајте го Златното момче – богатиот египетски тинејџер кој чекаше долго време за неговата прва рентгенска снимка направена со компјутерска томографија. Всушност, момчето го дочека “неговиот термин” по повеќе од два милениуми...
Објавено на 25.01.2023 - 12:45

Информатика
Голем број лекари ги пишуваат рецептите набрзина, не обрнувајќи внимание на читливоста на ракописот, што оневозможува пациентите да разберат што точно им било препишано. Овој проблем е присутен од памтивек, а последниве гоидини многу технолошки компании се обидоа да го решат постигнувајќи мал или никаков успех. Но, се чини дека Google има решение што може да функционира.
Објавено на 25.01.2023 - 11:45

Аеронаутика
Последниот Боинг 747 ја напушта фабриката
По повеќе од половина век производство, последниот авион од типот Боинг 747, џамбо џет, познат и како “Китот”, во декември ја напушти фабриката на Боинг лоцирана во државата Вашингтон, САД. Со ова се спушти завесата на производството на еден од најпрепознатливите авиони досега.
Објавено на 24.01.2023 - 15:30

Информатика
YouTube има сет од сопствени емотикони кои можат да се користат во сите коментари и разговори во живо. YouTube Emotes се лесни за користење бидејќи се појавуваат во прозорецот за емотикони, а можете и да ги повикате користејќи резервирани зборови.
Објавено на 24.01.2023 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Научниците напреднаа во начините на којшто можат да ги користат бранувањата во време-просторот, т.н. гравитациски бранови, за да ѕирнат на почетокот од сè што знаеме. Истражувачите велат дека би можеле подобро да ја разберат состојбата на космосот веднаш по Биг-бенгот со проучување на начинот на којшто овие бранови во ткаенината на универзумот минуваат низ планетите и гасот помеѓу галаксиите .
Објавено на 23.01.2023 - 12:00

Омнибус
Според едно опфатно испитување речиси 70% од истражувачите кои работат ширум Европа велат дека во изминатите три години биле дел од проекти во кои како автори се наведуваат и нивни колеги кои не придонеле доволно во работата. Истражувањето истовремено го покрена прашањето дали истражувачите во САД ја потценуваат распространетоста на „сомнителни истражувачки практики“ (СИП).
Објавено на 21.01.2023 - 17:30

Аеронаутика
Амазон врши нови тестови за достава на нарачките во Тексас и Калифорнија со помош на беспилотни летала. Сепак, се чини дека патот што треба да се изоди до целосно автоматизирана испорака на пакетите е сè уште долг.
Објавено на 20.01.2023 - 14:45

Аудио и видеотехника
Театарот како прв и најстар медиум денеска благодарение на технологијата сè уште е во фокусот на човечката културна посветеност. Технолошките достигнувања, особено во аудиовизуелните сфери, овозможија нов пристап кон визуелизација на човечката фантазија. Сценографијата ја прошири својата „димензија“ и видео проекцијата денеска е неизбежен сегмент од секое аудиовизуелно дело. Видеопродукцијата веќе не претставува само изработка на слика во две димензии, сценската проекција врз сценските елементи ја прикажува и нејзината трета димензија. Перцепцијата на гледачите не се фокусира само на актерската игра – сценската акција има нов рамноправен член, проекцијата. Оттука произлезе и потребата за едно своевидно “упатство за користење” на техниката со којашто видеопроекцијата се вклопува во сценската изведба, а “ Основи на сценската проекција ” од м-р Милчо Узунов е токму едно такво дело.
Објавено на 18.01.2023 - 16:45

Биологија
Едно истражување за мозокот на T. rex открива дека тие не биле толку глупави како што мислевме – нивната интелигенција била слична на онаа на модерните примати.
Објавено на 18.01.2023 - 11:45

Pages