Anglia Components објави дека ветува бесплатна испорака на одредено количество примероци од секој STMicroelectronics (ST) NPI полуспроводник (New Product Introduction) за клиентите во во Обединетото кралство (ОК) и земјите во ЕУ-зоната. Ние не сме баш во ‘фокус-групата’, но сигурни сме дека ќе се снајдете
Како дел од својата европска иницијатива Anglia Live, лансирана во јануари оваа година, Anglia може да им понуди бесплатни примероци на клиентите од три клучни причини. Прво, компанијата одржува значителени, лесно достапни залихи во своето седиште во Кембриџшир, што овозможува брза испорака на производи во секое време. Второ, веб-сајтот anglia-live.com сега се грижи и за клиентите во ЕУ-зоната, покрај оние од ОК, што овозможува испраќање на нарачките во истиот ден ако тие се направени до 17 часот (CET) од понеделник до четврток и до 12:30 (CET) во петок, со дежурна достава во рок од еден до два дена. И како трето, Anglia поттикна долгогодишни партнерства со своите добавувачи, така што може да испорача иновативни иницијативи фокусирани на клиентите, како што е оваа најнова програма за бесплатни примероци.
„Примероците се извор на енергија за дизајнерите, а примероците од NPI се уште поважни бидејќи им овозможуваат на нашите клиенти да ги разликуваат нивните производи од оние на нивните конкуренти користејќи ја најновата технологија. Anglia има долготрајна врска со ST, па затоа сме среќни што можеме да ја понудиме оваа услуга – која ги покрива сите полуспроводнички NPI од компанијата – на Обединетото Кралство и на европската дизајнерска заедница”, – вели директорот за маркетинг во оваа компанија, Џон Бауман.
Примероците може да се нарачаат преку Интернет преку бесплатната услуга First Ezysample на Anglia која е достапна за сите регистрирани клиенти на Anglia Live