Иако постои само две години, фестивалот на алтернативна фотографија – Зрно, со својот сериозен пристап, голема посветеност и специфичното поле на работа – благородните фотографски техники, до неодамна непознати кај нас и за оние кои се бават со фотографија, годинава, на второто издание направи сериозен исчекор во квантитетот и во квалитетот на содржините кои ги понуди на македонската публика и на меѓународна сцена.