Омнибус
Со жалење ја пренесуваме веста дека на 25 декември, на 73-годишна возраст почина Мирослав Бошковиќ, поранешен атлетичар, професор по историја во пензија и автор на десетици научно-популарни статии објавени во списанието и на веб порталот ЕМИТЕР.
Објавено на 29.12.2023 - 14:30

Информатика
Овој декември Google конечно го подобри својот четбот Bard со моделот на вештачка интелигенција од најновата генерација наречен Gemini. Според изјавите на калифорниската компанија, овој модел треба да ги надмине перформансите на ChatGPT и моделите од другите конкуренти. Ракавицата е беше фрлена кон OpenAI токму во деновите кога водечката компанија на полето на ВИ ја тресеа силни превирања. Се сеќавате, нели, Сем Алтман беше отпуштен, па поканет да работи во Мајкрософт, за на крај пак да се врати на челото на компанијата.
Објавено на 28.12.2023 - 18:30

Фототехника
28 декември фигурира како роденден на седмата уметност. Фотографската уметност, пак, е предвесник на филмската, и нивната поврзаност е несомнена како од технички, така и од креативен аспект. Знаете ли која е првата фотографија воопшто во историјата? Не? Овој текст се занимава токму со тоа, со првите фотографии на различни теми. Ѕирнете кој е првиот фото-портрет во историјата, првата фотографија на Месечината, првото фото објавено во весник како илустрација на напис...
Објавено на 28.12.2023 - 13:15

Информатика
Измислете нешто подолго, со најмалку 10 знаци. Притоа вклучете броеви, барем еден симбол и, за секој случај, можеби и понекој хиероглиф. Ах, да, притоа внимавајте тоа да биде нешто што лесно ќе го запаметите, се разбира. Да, компликуваните побарувања за поставување на лозинки за пристап до вашите дигитални кориснички сметки знаат да бидат мошне чудни и забегани. Но, се чини дека нивните денови одбројани. Според сите показатели, засега, клучевите за пристап (passkeys) ќе ги направат лозинките излишни и застарени.
Објавено на 27.12.2023 - 17:45

Биологија
Раното будење за многумина е тортура. Но меѓу нас има и такви на кои тоа не им претставува никаков опсобен напор, и покрај тоа што понекогаш не можат да спијат до доцна во ноќта. Ранобудниците веројатно за оваа своја способност треба да им се заблагодарат на своите предци неандерталци. Имено, неандерталците поседувале генетски варијанти поврзани со склоноста за рано будење. Мошне погодно за искористување на дневната светлина. Се чини дека ние ги наследивме овие варијанти од нив.
Објавено на 27.12.2023 - 15:30

Биологија
Во зима, очите на ирвасите ја менуваат бојата и стануваат способни да ја гледаат дури и ултравиолетова светлина. На овој начин тие можат да го откријат во снегот специфичниот лишај со кој се насладуваат.
Објавено на 26.12.2023 - 14:30

Физика
Џемперот плетен од конец што ги имитира карактеристиките на крзно од поларна мечка нуди исто толку топлина колку и зимската јакна “монтка”, иако неговата дебелина изнесува едвај петтина од онаа на гломазната јакна. Како што објаснува студијата објавена минатата недела во Science, конецот е изработен од лесен, синтетички материјал познат како аерогел, којшто го задржува својството за заробување топлина дури и по тегнење, перење и боење. Конците од овој тип еден ден би можеле да се користат за ткаење на облека којашто треба да е истовремено и лесна и издржлива, два клучни квалитети при изработката на спортска облека, на воени униформи и на вселенски костуми.
Објавено на 25.12.2023 - 17:00

Енергетика
Овие мали модуларни реактори (Small Modular Reactor – SMR) се иднината на зелената енергија. Допрва ќе слушаме за SMR технологијата, а Европскиот парламент на 12.12.2023 година усвоил „иницијативен извештај“ за SMR и значењето на оваа нова технологија за идниот европски енергетски систем.
Објавено на 24.12.2023 - 11:45

Астрономија и астронаутика
На северната хемисфера денес, значи не на 21 декември, започнува зимата и тоа во секој поглед. За оние што сакаат да бидат попрецизни, точниот момент на солстициумот беше во 4:27 часот по македонско време. Еве што тоа значи.
Објавено на 22.12.2023 - 11:15

Информатика
Алгоритам обучен на податоци од милиони луѓе може ја “види” иднината со прецизност на која би му позавиделе и најпознатите гатачи и јасновидци. Сценарио како извадено од сценаријата на некои научно-фантастични филмови, нели? Па, по малку... Добро де, малку повеќе. За што се работи?
Објавено на 21.12.2023 - 11:00

Pages