Информатика
Компанијата Епл лансираше нова компонента за нејзиниот сервис Fitness+ на паметните часовници од нејзино производство. Time to Walk има задача да го намами корисникот подалеку од ТВ-приемникот, да излезе од домот и да го натера да се позанимава со некоја активност на отворено.
Објавено на 26.01.2021 - 17:30

Медицина
Ако вагата и тесните фармерки не престанат да ве потсетуваат дека за време на карантинот и за празниците се претера со храна, знајте дека студот во овие денови е вашиот најдобар сојузник за да се вратите во форма.
Објавено на 26.01.2021 - 15:00

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденот на Жозеф Луј Лагранж, и ги одбележуваме лансирањето на првиот јапонски лунарен сателит и денот кога е направена првата филмска снимка на едно затемнување на Сонцето. Покрај ова си споменуваме и за два немили настани – денот кога сателит со радиоактивен материјал се неконтролирано се распадна на небото над Канада и денот кога за првпат човек погина од роботска рака.
Објавено на 25.01.2021 - 14:00

Физика
Пример на симулирани податоци коишто ги моделира CMS детекторот на честички кој е дел од Големиот хадронски судирач (LHC) при ЦЕРН, Женева (Извор: ЦЕРН/ CERN)
Сета материја во универзумот е составена од елементарни честички коишто се сметаат за неделиви на честички помали од нив. Да се потсетиме, во не толку далечното минато атомите беа сметани за неделиви елементарни честички. Но, со текот на времето дојде до развој на квантната теорија, којашто внесе нов поглед на структурата на материјата...
Објавено на 25.01.2021 - 12:30

Телекомуникации
И кога мислите дека знаете сè од понудата на интернет, секогаш се појавува нешто ново што пријатно ќе ве изненади. Така беше и овој пат со пронаоѓањето на апликацијата за слушање радио, наречена Радио градина (Radio Garden). Името е симболично. Како што во зеленчуковата градина може да се пронајдат најразлични зеленчуци, така и овде на адресата на radio.garden можете да пронајдете најразлични радиостаници.
Објавено на 25.01.2021 - 11:15

Физика
Освен основните елементарни честички, квантната теорија предвидува постоење и на други типови хипотетички честички со поинакви својства од оние на фермионите и на бозоните. Но, сè до 2020 година немаше практичен доказ за нивното постоење. Конечно, во изминатата година, физичарите успеале експериментално да го докажат постоењето и на трета категорија честички – анјони (anyons).
Објавено на 22.01.2021 - 11:00

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме Андре Ампер, основач на електродинамиката, француски физичар и математичар. Покрај ова го одбележуваме и “раѓањето” на неонското светло како и на едено од првите компјутери од Епл со графички интерфејс ...
Објавено на 20.01.2021 - 13:15

Информатика
Oткако забележале дека симнатите апликации ги бомбардираат корисниците со огласи од Google отстранија 164 Андроид апликации кои претходно ги симнале над 10 милиони корисници.
Објавено на 20.01.2021 - 12:45

Автомобилска техника
На самиот почеток од оваа година Џенерал моторс ја претстави нивната концепт визија за иднината – летечки автономен кадилак, возило кое ќе се движи без возач и кое по воздушна линија би ги пренесувало патниците удобно сместени во него. Главниот извршен директор на Џенерал моторс го опиша овој “небесен”кадилак како концепт за идниот личен превоз.
Објавено на 18.01.2021 - 18:45

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденoт на шведскиот хемичар Андерс Екеберг и на компанијата што ни го даде пребарувачот Yahoo! Покрај ова ја одбележуваме и првата јавна демонстрација на уред кој произведува x-зраци како и на првото успешно слетување, со намера, на еден авион врз бродска палуба...
Објавено на 18.01.2021 - 01:15

Pages