Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на Хајнрих Херц, кој прв практично го потврдил постоењето на електромагнетните бранови, и на Томас Курц, еден од двајцата софтверски инженери кои го создадоа програмскиот јазик BASIC. Го одбележуваме и раѓањето на првиот клон на цицач, овцата Доли, и претставувањето на процесорот AMD K6-III...
Објавено на 22.02.2021 - 16:00

Информатика
За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, побрза комуникација со клиентите, или побрз пристап до вашите датотеки и кориснички сметки, низ оваа серија написи ви претставуваме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Објавено на 22.02.2021 - 13:15

Медицина
Според ефективниот репродукциски број Rt, речиси цел месец сме во мало, но јасно забрзување. Вчера министерот Венко Филипче појасни дека британскиот вид на вирусот B.1.1.7 се изедначил со домашните видови, НО засега само во Прилеп, Охрид и Кавадарци. Тоа ја менува прогнозата, така што сепак не се движиме по најбрзото и најлошото сценарио, туку по едно средно сценарио за раст на Rt до некое максимално просечно ниво од околу 1,3 штом новиот вирус се рашири на целата територија на државата.
Објавено на 22.02.2021 - 11:00

Информатика
Младен Вуканац, генерален менаџер, Sauter Building Control Serbia
Моето петнаесетгодишно искуство во оваа индустрија ми кажува дека во блиска иднина, софтверот и специјализираните технички инженерски услуги ќе бидат многу побитни за постигнување пазарна моќ отколку хардверот.
Објавено на 19.02.2021 - 17:00

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на полскиот математичар и астроном Никола Коперник, на холандскиот офталмолог Херман Шнелен, и на интернет доменот apple.com. Покрај ова го одбележуваме и денот кога пред 31 година светлото на денот го виде првата итерација на Adobe Photoshop, а пред 143 години беше патентиран фонографот – првобитниот грамофон. Исто така на денешен ден е издаден и првиот налог за пребарување на компјутерски уред...
Објавено на 19.02.2021 - 16:00

Астрономија и астронаутика
Фотографија од левата Hazcam камера поставена во предниот дел од роверот
Вчера, со посредство на НАСА бевме сведоци на успешното спуштање на роверот Упорност/Истрајност на површината на Марс. Целата процедура на слетување течеше според планот и немаше никакви затајувања на системите, па така токму според предвидениот распоред точно во 21 часот и 55 минути по средноевропско време Упорност испрати потврда дека безбедно стигна на површината на црвената планета во кратерот Језеро.
Објавено на 19.02.2021 - 13:30

Астрономија и астронаутика
Меко спуштање за роверот Упорност - уметничка визија
Мисијата Марс2020 пристигна на Марс. Што понатаму? Првиот чекор е мекото спуштање на роверот Упорност (Perseverаnce) на тлото на планетата кое треба да се случи денес во 21 часот и 55 минути по наше време. Роверот е предвидено да се спушти во кратерот Језеро, на северната марсова хемисфера.
Објавено на 18.02.2021 - 16:45

Омнибус
Во денешниот времеплов ги славиме родендените на двајца италијанци – на физичарот кој ја откри батеријата, Алесандро Волта, и на големиот автомобилски инженер и менаџер Енцо Ферари. Покрај ова го одбележуваме денот кога беше откриена ‘несудената’ планета Плутон и денот кога беше отворена првата продавница за компјутери – Компјутерленд.
Објавено на 18.02.2021 - 16:30

Информатика
За сите кои имаат потреба од некоја попрегледна организација на работните задачи, низ оваа серија написи накусо ќе ви претставиме повеќе апликации што ќе ви помогнат во зголемување на продуктивноста.
Објавено на 18.02.2021 - 13:15

Омнибус
Минатата недела низ светот проструи неверојатната вест дека еден Шкотланѓанец започнал кампања на сајтот gofundme чија крајна цел е да се соберат доволно средства за испраќање на еден од рамноземјаните во вселената за од прва рака да се уверат во топчестата форма на Земјата.
Објавено на 18.02.2021 - 13:00

Pages