Телекомуникации
Мобилниот бренд на Леново Моторола повторно ја актуелизира идејата за свитлив смартфон во вид на нараквица. Приспособливиот дисплеј на Моторола имаше свое демо претставување на Lenovo Tech World '23 во Остин, Тексас, но ова и не значи дека бргу ќе го видиме и во продавниците.
Објавено на 27.10.2023 - 17:45

Аеронаутика
Во организација на здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје, оваа сабота (28. октомври) во Градскиот Парк во Скопје, пред Школка, со почеток во 11 часот, ќе се одржи третото издание на SKOPJE AIR FAIR 2023. Воздухопловно-едукативниот саем е под покровителство на Град Скопје и претставува шанса за младите да дознаат повеќе за најразличните професии во воздухопловството.
Објавено на 27.10.2023 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Како што откриваат истражувачите, црвената планета има густо јадро од течно железо опкружено со релативно тенок слој од стопени карпи. Откритието ја разреши загатката којашто потекна од сеизмичките мерења на Марс кои укажуваа дека планетата има изненадувачки големо а лесно јадро богато со елементи со мала густина.
Објавено на 27.10.2023 - 16:45

Астрономија и астронаутика
SN2023Tyk е првата супернова што кога и да е била откриена од машина. Ова астрономско откритие е направено добиено без каква и да е човечка интервенција, ако не се смета уделот на програмерите во изработката на софтверот. Зад откритието стои меѓународен тим научници од универзитетот Нортвестерн, кои ја развиле алатката наречена BTSBot (Bright Transient Survey Bot) која го пребарува небото и има способност за препознавање на небесни објекти.
Објавено на 26.10.2023 - 18:30

Информатика
Неодамнешните истражувања покажуваат дека автоматизацијата на центрите за податоци со RFID следење може да ја зголеми продуктивноста 15 пати, а истовремено го намалува ангажманот на вработените околу залихата на средствата за дури 90 проценти.
Објавено на 26.10.2023 - 14:00

Фототехника
Совршен облак (A Perfect Cloud)
Оваа слика, симбол на спектакуларноста на природата, која го прикажува врвот на чилеанскиот вулкан Виљарика опкружен со облаци, беше избрана за фотографија на годината 2023-та, на конкурсот за фотографија во организација на Кралското метеоролошко друштво (Royal Meteorological Society).
Објавено на 25.10.2023 - 13:00

Медицина
Факултетот за ветеринарна медицина– Скопје ги претстави најновите иновации и достигнувања во регенеративната медицина за време на својата втора Меѓународна работилница за регенеративна медицина одржана на Факултетот. Оваа експертска работилница имаше за цел да ги расветли научните и клиничките апликации на терапијата со матични клетки и плазмата богата со тромбоцити (ПЗТ) во областа на ветеринарната пракса. На настанот учество земаа млади доктори по ветеринарна медицина и искусни практичари.
Објавено на 24.10.2023 - 17:45

Архитектура и градежништво
На 20 октомври 2023 година се навршија точно 50 години од официјалното отворање на Операта во Сиднеј - Австралија. Честа да ја прогласи за отворена ѝ припаднала на кралицата Елизабета Втора, (воедно кралица и на Австралија) на 20 октомври 1973 година. Отворањето, проследено со огномет и изведбата на Деветтата симфонија на Бетовен, беше директно пренесувано од медиумите.
Објавено на 24.10.2023 - 11:45

Електроника
Kлиматските промени дополнително ја зголемија потребата за поефективно следење на ерозијата-корозијата во многу сфери – од авијацијата и прекуокенскиот транспорт, до производството на обновлива енергија и градежништво. Истражувачите веќе работат на подобрување на начинот на кој се следат промените на чувствителните структури, како на пример, турбините, хеликоптерските пропелери, па дури и мостовите, барајќи знаци за абење предизвикано од временските услови.
Објавено на 20.10.2023 - 12:30

Медицина
Во Австралија само што не започнала новата фаза клинички испитувања за ветувачки нов третман за сепса за кој истражувачите велат дека може да спаси безброј животи. Новиот третман се нарекува натриум аскорбат – PH избалансирана верзија на витамин Ц – и се доставува во вид на она што научниците го нарекуваат „мега-доза“ во крвотокот. Количината што се доставува со третманот е еквивалентна на витамин Ц од илјадници портокали, значи не се надевајте дека ќе излечите сепса со само неколку таблети витамин Ц.
Објавено на 18.10.2023 - 14:00

Pages