Рубрика: Информатика
Во Белград изграден нов податочен центар напојуван од обновлива енергија
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 19.09.2025 - 14:15

Новиот центар за податоци на „Орион Телеком“ е дизајниран да ги исполни највисоките стандарди за безбедност, енергетска ефикасност и технолошка подготвеност за иднината. Се работи за уникатна колокациска премиум понуда, целосно напојувана од обновливи извори на енергија, со важечки EECS сертификат и сопствени соларни панели како дополнување на обновливите извори на енергија.

Понудата е стратешки дизајнирана за компании со обемни ИТ работни оптоварувања – со рекови од 8kW и повеќе, подготвени за вештачка интелигенција и cloud сервери со висока густина, до флексибилни опции за изнајмување кои се во чекор со растот на бизнисот.

Новиот податочен центар обезбедува директни врски со глобалните cloud провајдери AWS, Google Cloud, Microsoft Azure, поседува највисоко ниво на физичка и дигитална безбедност (ISO 27001, 22301, 27701, биометрија, 24/7 мониторинг) и локална техничка поддршка, а покрај ова нуди можност за изнајмување канцелариски простор за континуитет во работењето.

Оваа инфраструктура е наменета за организации кои сакаат да ги намалат ризиците и трошоците на сопствената инфраструктура, ИТ и cloud компании, SaaS провајдери, финансиски институции, владини тела, како и компании со ESG и нето-нула обврски.

Ова им дава на корисниците сигурност дека нивните податоци и бизнис се потпираат на одржлива и сигурна инфраструктура, достапна тука во Белград, со сите придобивки од глобалните стандарди“, вели Горан Обрадовиќ, директор за развој на бизнисот во Орион Телеком, Србија.

Клучни зборови: