Приближно 180 години наназад ако на некого бил вршен поголем оперативен зафат, голема е варојатноста дека за време на операцијата бил заспиен со општа анестезија. Иако оваа техника се користи речиси 2 века, и многу механизми од нејзиното функционирање се добро разбрани, сепак некои детали во врска со тоа како опојката успева да нѐ држи ‘заспани’ долго време без ненадејно да се разбудиме за време на операцијата сè уште остануваат нејасни. Студијата направена на овошни мушички и објавена во Journal of Neuroscience нуди некои нови детали за механизмот на дејство на анестетиците во мозокот.