Аудио и видеотехника
Во ова видео ќе дознаете колкаво е најниското ниво на изобличување што можете да го слушнете со вашиот аудио систем.
Објавено на 17.07.2024 - 12:00

Медицина
Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), која е дел од Светската здравствена организација, го класифицираше талкот како 'веројатно канцероген'. Ова не е првпат да се појави хипотеза за корелацијата помеѓу употребата на овој минерал и појавата на рак, особено рак на јајниците. Меѓутоа, до денес, сè уште не е идентификувана причинско-последична врска, ниту праг, во однос на количината или зачестеноста на употребата, над кој се зголемува ризикот од развој на канцер. Ова значи дека остануваат нешта што треба да се разјаснат. Поради ова треба и да знаеме што точно значи кога ќе се каже 'потенцијално канцероген'.
Објавено на 16.07.2024 - 18:45

Биологија
„ И нилските коњи летаат “. Обидете се ова да им го кажете на вашите пријатели во неврзан разговор и забележете како тие ќе реагираат. Сигурно ќе помислат дека – или се шегувате или сте полуделе. А сепак, иако овие огромни цицачи секако не изведуваат воздушни акробации споредливи со оние на птиците, нивниот начин на трчање вклучува и мали „летови“ – моменти кога тие ги креваат сите четири нозе од земјата истовремено, подвиг што се чини невозможен за животно тешко речиси два тона. Ако не верувате, можеби ќе се предомислите откако ќе ја прочитате студијата што го опишува овој животински подвиг, објавена во PeerJ.
Објавено на 16.07.2024 - 14:00

Астрономија и астронаутика
Систем способен да ја трансформира урината во вода за пиење е развиен и може да се интегрира во оделата на астронаутите: „вселенските прошетки“ ќе бидат подолги и поудобни. Тим истражувачи од Медицинскиот колеџ Вејл Корнел разви иновативен систем за собирање и филтрирање на урината, сличен со оној што веќе е во функција на Меѓународната вселенска станица, но минијатуризиран до степен за да може да се вметне во скафандерите што ги носат астронаутите при нивните активности надвор од станицата (EVA). Системот, кој потсетува на костумот што го носат Слободњаците т.е. Фремените од најновата филмска итерација на „Дина“, би можел да ги подобри перформансите и удобноста на астронаутите при овој вид активности.
Објавено на 15.07.2024 - 18:30

Информатика
Веќе сме среде топлотниот бран во кој деновите ни се пеколно жешки а ноќите со тропски температури. За сето ова, меѓу другото, предупредуваат и апликациите за временска прогноза. Експертите велат дека е тешко да се прогнозира дали ова лето ќе биде најжешкото досега, бидејќи сѐ уште сме на неговиот почеток – и дека треба да помине некое време. Апликациите, во однос на точноста на прогнозата, се разбира, можат да направат грешки.
Објавено на 15.07.2024 - 15:30

Металство и машинство
Утре, 15 јули, на паркингот од кампусот на техничките факултети во Скопје официјално ќе биде претставен болидот изработен од тимот на MES Racing со којшто тие ќе учествуваат на годишниот натпревар Формула Студент што овој август ќе се одржи во Хрватска. Се работи за едукативен инженерски натпревар кој има за цел да развие претприемнички дух и нова генерација на иновативни млади инженери. Се смета за еден од најафирмираните едукативни натпревари за мотоспорт во светот.
Објавено на 14.07.2024 - 15:30

Историја и археологија
Неолитската култура во Европа која создавала мегаструктури каков што е Стоунхенџ, на пример, доживеала голем пад пред околу 5400 години. Сега ги имаме досега најдобрите докази дека ова се должи на епидемија од чума.
Објавено на 12.07.2024 - 13:15

Медицина
Приближно 180 години наназад ако на некого бил вршен поголем оперативен зафат, голема е варојатноста дека за време на операцијата бил заспиен со општа анестезија. Иако оваа техника се користи речиси 2 века, и многу механизми од нејзиното функционирање се добро разбрани, сепак некои детали во врска со тоа како опојката успева да нѐ држи ‘заспани’ долго време без ненадејно да се разбудиме за време на операцијата сè уште остануваат нејасни. Студијата направена на овошни мушички и објавена во Journal of Neuroscience нуди некои нови детали за механизмот на дејство на анестетиците во мозокот.
Објавено на 11.07.2024 - 16:15

Медицина
Американските истражувачи го открија механизмот што ја предизвикува опаката, животно загрозувачка болест лупус. Процесот отвора патишта кон подиректен третман на болеста што погаѓа милиони луѓе ширум светот.
Објавено на 11.07.2024 - 14:45

Историја и археологија
Анализите користени во студиите на гравитациските бранови доведоа до повторно пресметување на дупките во таинствениот механизам од Антикитера. И до контроверзна хипотеза. Новата, можна интерпретација објаснувањата ги црпи од ни повеќе ни помалку туку од студиите на гравитациските бранови .
Објавено на 10.07.2024 - 17:00

Pages