На граница на науката
Истражувачите од Центарот за наномедицина во рамките на Институтот за основни науки (IBS) и Универзитетот Јонсеи од Јужна Кореја открија револуционерна технологија која може да манипулира со одредени региони на мозокот користејќи магнетни полиња, потенцијално отклучувајќи ги тајните на мозочните функции од високо ниво, како што се когнитивноста, емоциите и мотивацијата. Тимот ја разви првата во свет технологија Nano-MIND (Magnetogenetic Interface for NeuroDynamics), која овозможува безжична, далечинска и прецизна модулација на специфични длабоки мозочни нервни кола со употреба на магнетизам.
Објавено на 30.07.2024 - 16:30

Медицина
Хроничната срцева слабост е катастрофална состојба која се јавува кога срцето станува послабо или помалку ефикасно во пумпањето на крвта низ телото. За луѓето кои живеат со срцева слабост, вештачките срца би можеле да се покажат како остварлива алтернатива наспроти ретко достапните и спроведувани трансплантации на срце. За волја на вистината обидите за создавање на функционално вештачко срце и не се сосема нова работа, но се чини дека новиот титаниумски имплант ги има сите потребни атрибути за брза примена во практиката .
Објавено на 29.07.2024 - 19:00

Информатика
Македонските ученици и ученички продолжуваат да нижат успеси на меѓународните СТЕМ натпревари. На четвртата по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21 до 27 јули се одржа во Велдховен, Холандија, македонските ученички постигнаа нов голем успех, освојувајќи два бронзени медала.
Објавено на 29.07.2024 - 11:00

Физика
Додека сите се возбудени и ги следат спортските натпреварувања на олимпијадата во Париз, денес, 28 јули се спушти завесата за едно поинакво натпреварување. Со завршната свечена церемонија за додела на медалите и наградите за најуспешните, заврши 54. Меѓународна Олимпијада по физика што во перуодот од 21 до 29 јули се одржува во Исфахан, Иран. А бербата на медали за македонскиот тим на физичари повторно е значајна.
Објавено на 28.07.2024 - 16:00

Медицина
За разлика од многу други форми на меморија, се чини дека возраста не влијае врз способноста за паметење и препознавањето на музичките теми. Имено, осумдесетгодишниците се способни да ги препознаат познатите мелодиите подеднакво добро колку што тоа го прават тинејџерите.
Објавено на 26.07.2024 - 19:00

Хемија
На морското дно откриен извор на ‘темен кислород’
Уште од првите часови по биологија или географија знаеме дека за да постои живот на Земјата, потребен е кислород. И, дека тој кислород најпрво го произвеле микроскопски зелени алги, кои живееле на површината од океанот, бидејќи сончевата светлина продира само до двесте метри длабочина. Подлабоките слоеви на океанот се темни, и се хранат со организми што паѓаат одозгора, или енергија добиена од хидро-термални извори на дното. З атоа, како шок доаѓа најновата вест објавена овој месец во списанието Nature: група истражувачи јавуваат дека откриле извор на кислород – на океанското дно!
Објавено на 26.07.2024 - 17:30

Астрономија и астронаутика
Русија објави дата за почеток на изградбата на сопствена вселенска станица што ќе користи нови технологии и ќе биде домаќин на астронаути само доколку тоа е потребно.
Објавено на 25.07.2024 - 17:30

Медицина
Роботска нога што може целосно да се контролира од мозокот и 'рбетниот мозок им овозможи на седум лица кои го изгубиле долниот дел од ногата да одат речиси подеднакво брзо како и луѓето без ампутации. Бионичкиот екстремитет користи компјутерски интерфејс што ги засилува нервните сигнали од мускулите во преостанатиот дел од ногата и му овозможува на носителот да ја движи протезата со мисла и природни рефлекси.
Објавено на 25.07.2024 - 16:00

Омнибус
ФЕИТ потпиша Меморандум за соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката помеѓу двете институции за спроведување истражувачки, образовни и апликативни активности и проекти од заеднички интерес, заснована врз искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и на просторните капацитети на потписниците.
Објавено на 24.07.2024 - 18:15

Климатологија
Една од ретките предности што ги донесе глобалното затоплување е отворањето на Северозападниот премин – поморска рута што минува низ водите на канадскиот арктички архипелаг, кој од 2007 година е повремено пловен, при добро време, поради намалувањето на арктичкиот мраз. Но, работите и не се баш идеални. Се чини дека најсеверниот дел од Преминот не станува почист и попловен. Напротив. Ова парче од рутата станува сѐ повеќе пренатрупано со дебели парчиња морски мраз што пристигнуваат од север. Ова го покажува анализата објавена во Communications Earth & Environment.
Објавено на 24.07.2024 - 15:45

Pages