Информатика
Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „E-commerce: Untangling Potential“, се одржа Седмата годишна конференција за е-трговија. Во своето трето регионално издание конференцијата беше домаќин на преку 700 учесници од повеќе од 10 земји, при што свое излагање имаа преку 30 еминентни говорници од земјата и странство.
Објавено на 13.11.2024 - 15:45

Информатика
Слика генерирана со ВИ
Големите јазични модели можат да прават импресивни работи, да пишуваат поезија или да генерираат функционални компјутерски програми, иако во основа овие модели се обучени да ги предвидуваат зборовите што следуваат во парче текст. Поради ваквите способности можеби ви се чини дека моделите индиректно учат за некои од општите вистини за светот. Но, тоа не е нужно така, открива една нова студија.
Објавено на 13.11.2024 - 15:00

Информатика
Сѐ е подготвено за 7. издание на Конференцијата за е-трговија што треба да се одржи утре во Националната опера и балет во Скопје, под мотото E-commerce: Untangling Potential.
Објавено на 11.11.2024 - 12:30

Електроника
Поглед однапред на кутијата од предавателот.
Напоредно со експериментите на долги радио бранови (low frequency - LF), веќе се подготвувам и за активирање на многу долги бранови (very low frequency - VLF). Ако на долги бранови ја работам единствената македонска станица, можно е на многу долги бранови да ја активирам и првата станица на Балканот, но ќе морам да проверам за ова. VLF инаку е фреквентното подрачје на поморската навигација со долг досег, комуникациите со подморници и геофизичките испитувања.
Објавено на 11.11.2024 - 11:30

Медицина
Научниците ги мапираа мозоците на луѓе додека тие гледале инсерти од некои од најомилените филмови, какви што се ‘Почеток’ (Inception) од 2010 година, ‘Имеријата го возвраќа ударот’ (The Empire Strikes Back) од 1980 и ‘Сам дома’ (Home Alone) од 1990, со цел ги идентификуваат различните мозочни мрежи вклучени во обработката на различни типови сцени. Сега, со сигурност може да се каже дека гледањето филмови и не е некој одмор за мозокот ;)
Објавено на 08.11.2024 - 14:00

Информатика
Денес во 19 часот, истовремено на дигиталните продавници Steam и Xbox, во продажба ќе се појави вториот дел од играта „The Strange Story of Brian Fisher". Оваа видео игра претставува 100% Македонски производ, од концепт и креативната визија на охриѓанецот на заем во Скопје – Ристе Тутурески, неговата фирма Intetic, како и талентираниот тим на KAMAi MEDIA во Битола. Играва беше тестирана од Македонски тим во Indium Play во Скопје. Вистински пан-Македонски потфат!
Објавено на 08.11.2024 - 12:45

Медицина
Апстрактен приказ на формирање и повикување на сеќавањата Сликата е генерирана со ВИ
Една нова студија, спроведена врз глувци, го менува традиционалниот модел на кодирање и на повикување на спомените. Во реалноста процесто е помалку стабилен, но повеќе во согласност со искуството.
Објавено на 08.11.2024 - 00:00

Астрономија и астронаутика
Пред околу три недели, Скопското астрономско друштво организираше јавно набљудување на кометата C/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС на паркингот пред Калeто. Дури и ако времето беше целосно ведро, влажноста во воздухот како и смогот направија целиот настан да не биде баш како што планиравме. Многу луѓе со право заминаа незадоволни од она што го видоа. Оние што не беа на тој настан нè контактираа со барање да се организираме повторно, но тргнувајќи од набљудувачкото искуство од Кале, не сакавме да ја повториме истата грешка. Затоа организиравме ново јавно набљудување на кометата, но овој пат од темна локација на Рудине кај браната Козјак.
Објавено на 07.11.2024 - 13:00

Екологија
Глетка на Преспанското Езеро од падините на планината Баба над селото Сливница
Деновиве нивото на Преспанско Езеро го постигна годинешниот минимум. Слабите снежни врнежи минатата зима и слабиот доток на вода во езерото пролетва предизвикаа кусок на вода на почетокот од летото, што езерото не успеа да го надомести во текот на летото и есента.
Објавено на 06.11.2024 - 17:15

Екологија
Високите температури ја “тенчат” ледената покривка на езерата и ги намалуваат деновите во кои таа е присутна, а ова има еколошки и економски последици. Земјините езера ја губат својата “покривка” од зимски мраз, факт кој веќе има важни социоекономски последици за над половина милијарда луѓе кои живеат во близина на замрзнатите водени тела во студената сезона.
Објавено на 06.11.2024 - 14:15

Pages