Хемија
Во свет во којшто сушата е реална закана, од суштинско значење е да се заштеди и да се рециклира водата секогаш кога е тоа можно. Размислувајќи во оваа насока истражувачите од Универзитетот на Калифорнија создадоа мраз што не се топи во вода и којшто може да се употребува одново и одново, а материјалот од којшто е создаден е на крајот биоразградлив. Новите желатински коцки мраз може да помогнат во сите процеси на зачувување намирници или други материи, без притоа да го контаминираат, наводенат или разводнат производот што треба да се чува на студено.
Објавено на 24.12.2021 - 13:15

Информатика
Во текот на 2021 година, TikTok стана најпосетуваниот интернет домен во светот.
Објавено на 23.12.2021 - 15:15

Астрономија и астронаутика
... што да очекуваме и што сè може да тргне наопаку Конечно, дојде и тој момент, НАСА го лансира вселенскиот телескот Џејмс Веб (James Webb Space Telescope – JWST), проект што помина во изработка 30 години, речиси како одговор на предизвикот од директорот на Институтот за вселенски телескопи, Рикардо Џакони, којшто непосредно пред лансирањето на Хабл изјави: “замислете ја следната голема вселенска мисија по Хабл”. И еве сме сега, повеќе од 30 години по презентирањето на првиот концепт претставен на 29 септември 1989, и по потрошени околу 10 милијарди долари, по низата одлагања, партнерите НАСА, ЕСА и ЦСА се подготвени за лансирање на најновото телескопско чудо – Вселенскиот телескоп Џејмс Веб.
Објавено на 23.12.2021 - 14:30

Историја и археологија
Реконструкција на положбата на ембрионот на диносаурусот овирапторосаурус непосредно пред испилување
Ембрионот од диносаурус стар од 72 до 66 милиони години, којшто е пронајден во фосилизирано јајце, дава нов увид во врската помеѓу однесувањето на современите птици и диносаурусите.
Објавено на 22.12.2021 - 16:00

Информатика
Kaspersky предупреди дека измамниците ја користат возбудата на публиката околу новиот филм за Спајдермен “Spider-Man: The Road to No Return“, за да украдат податоци од платежни картички, лозинки, но и да шират малициозен софтвер.
Објавено на 22.12.2021 - 14:45

Астрономија и астронаутика
Кога на 3 јануари 2022 година кометата Леонард, широка околу 1 километар, ќе помине најблиску до Сонцето, тоа ќе биде врвот на патувањето долго 40 000 години. Но пред оваа грутка од вселенска прашина, карпи и мраз да пристигне во оваат точка, две од вселенските летала чијашто мисија е да го набљудуваат Сонцето, ја снимија кометата во приод.
Објавено на 22.12.2021 - 12:30

Медицина
Дијагностиката се покажа како клучен елемент во соодветното справување со пандемијата од ковид 19. Прегледот во научното медицинско списание The Lancet ги оценува трите главни методи за откривање на инфекцијата со SARS-CoV-2 и нивната улога во справувањето со пандемијата.
Објавено на 21.12.2021 - 12:30

Информатика
Токму ова прашање е зачетникот на проектот Валенс/Valence – “Најдобри практики за изучување на машинско учење и наука за работа со податоци во стручните образовни центри”/ "Data Science and Machine Learning Teaching Practices with Focus on Vocational Education and Training". Во меѓународниот проект, којшто се изведува под капата на Еразмуз, вклучени се две високообразовни институции – Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје (Македонија) и Институтот Јожеф Стефан од Љубљана (Словенија), како и три стручни училишта – ЕТШ “Михајло Пупин” од Нови Сад (Србија), Школски центар од Крањ (Словенија) и СОСУ Илинден (Македонија).
Објавено на 20.12.2021 - 17:00

Медицина
Учеството на вакцинираните меѓу починатите (виолетовата линија на вториот дијаграм) драстично се намали последниве 3 недели. Доколку не беа третите дози, ова намалување на учеството би било прв знак за сомневање во веродостојноста на информациите од МЗ. Но, што е тука е, работиме со податоците што ги имаме, а тие кажуваат дека ефективноста започнала да расте...
Објавено на 19.12.2021 - 13:45

Медицина
Ограничениот пристап до лекарска нега за време на пандемијата од ковид-19 предизвика нарушување во третманите на рак и на низа други состојби. Едно ново истражување укажува дека пандемијата, мошне веројатно предизвикала одложување на дијагностицирањето нови случаи на заболени од рак, ситуација што може да доведе до полоши прогнози за пациентите.
Објавено на 17.12.2021 - 18:15

Pages