Аеронаутика
Првиот двомоторен хеликоптер А109, целосно дизајниран во Италија, својот прв лет го имаше на 4 август 1971 година. Првиот пробен лет на А109 го означува истовремено и раѓањето на една легенда, воздухоплов којшто помогна компанијата Агуста да прерасне во светски лидер во областа на авиоиндустријата во сегментот на хеликоптери.
Објавено на 05.08.2021 - 14:30

Медицина
И покрај извонредниот медицински напредок во последните години, цистичната фиброза останува најраспространетата тешка генетска болест. Тоа се должи на мутациите во CFTR протеинот, потребен за одржување на соодветна рамнотежа на течноста во клучните органи како што се белите дробови, панкреасот или дигестивниот систем.
Објавено на 05.08.2021 - 10:45

На граница на науката
Во 1969 година човештвото направи голем подвиг – двајца астронаути од Мисијата Аполо 11 се спуштија на Месечината на 20 јули и зачекорија по неа на 21 јули 1969 година! Тој триумф на науката и човечкото херојство малку подоцна иницираше една неочекувана и чудна појава – теорија на заговор дека астронаутите не се спуштиле на Месечината и дека тоа е една голема измама на НАСА!? Во оваа серија статии анализираме (и демантираме) повеќе поединечни теми од оваа теорија на заговор, за да може заинтересираните полесно правилно да се информираат, а и да им овозможиме пофокусирано да дискутираат на нашата фејсбук страница за конкретната тема. Во овој осми дел од серијата зборуваме за темата: „Компјутерот во мисиите Аполо“.
Објавено на 04.08.2021 - 19:15

Геологија
Вулканот Килауеа на Хаваите е најдобро набљудуваниот вулкан во светот. Неговата ерупција во 2018 година беше најголема во последните 200 години, а од неа истражувачите добија мноштво нови податоци кои помогнаа за подобро разбирање вулканскиот внатрешен систем и неговото однесување. Две нови студии ги разгледуваат податоците за вулканските потреси и деформации за подобро да ги карактеризираат настаните коишто доведоа до ерупцијата од 2018 година и се одвиваа по неа.
Објавено на 04.08.2021 - 14:30

Информатика
Истражувачите од безбедносната фирма ThreatFabric објавија на блогот од нивната веб-страница дека во Android апликациите преземени од Google Play откриле случаи на нов вид малициозен софтвер којшто се обидува да ги украде банкарските информации за најава. Тимот го нарече новиот злонамерен софтвер Мршојадец (Vultur), според птиците што се хранат од ранетите или мртвите животни.
Објавено на 03.08.2021 - 12:15

Медицина
Ефективниот репродукциски број Rt, мерилото на преносливоста на вирусот и забрзувањето на дневните бројки, наместо после почетниот раст и врвот пред три недели да започне да се намалува, продолжува да искачува. Тој раст се забележува во сите временски рамки, а на првиот дијаграм го гледаме со 15-дневно усреднување (кај 7-дневното е уште поголем, неделава изнесува дури 1,95).
Објавено на 03.08.2021 - 11:30

Омнибус
Во овој времеплов ги славиме роденденот на ирскитфизичар Џон Тиндал, и на првата кинеска подморница на нуклеарен погон. Го одбележуваме и откритието на позитронот, подвигот на вистинската подморница Наутилус, како и претставувањето домашниот персонален компјутер TRS-80, а се сеќаваме и на почетоците на развојот на програмскиот јазик COBOL.
Објавено на 01.08.2021 - 18:45

Медицина
Толку висок репродукциски број Rt, толку високо забрзување на дневните бројки, не сме виделе уште од ланското попуштање на мерките по Рамазан бајрам, односно Св. Кирил и Методиј. Делта сојот има толку висока преносливост, потпомогната од целосно либерализираните мерки и свадбите, што ни досегашната прележаност и вакцинираност многу не помагаат.
Објавено на 31.07.2021 - 20:30

Астрономија и астронаутика
Командантот на мисијата Дејвид Скот управува со роверот при втората прошетка по Месечината
Денес се навршуваат точно 50 години од слетувањето на мисијата Аполо 15 на површината на Месечината. За повеќето оваа мисија е позната како мисијата кога за првпат астронаутите возеа автомобил на површината на друго небесно тело. Но, значењето на месечевиот ровер е многу поголемо од куриозитетот да се вози автомобил на Месечината –лунарното баги им овозможи на астронаутите да се движат подалеку и побрзо, да земат примероци од почвата што инаку би поминале неоткриени и да постават низа нови научни инструменти. Токму затоа денес, воочи половина век од денот кога за првпат овој автомобил беше стартуван на Месечината, пишуваме за овој настан.
Објавено на 30.07.2021 - 17:00

Архитектура и градежништво
Учествувате на квиз и ви паѓа прашање “Кој е најбрзиот лифт на светот?”. За да не очајувате тогаш прочитајте и дознајте... или пратете му на вашиот пријател што ќе треба да знае ;)
Објавено на 30.07.2021 - 13:15

Pages