Аудио и видеотехника

Во моментот додека ги читате овие редови, учествувате во промоцијата на првиот текст на македонски јазик во кој е објаснета постапката за пресметка на звучни кутии со помош на Thiele-Small параметрите. Со помош на овој текст ќе можете на едноставен начин да пресметате и конструирате компресиона кутија за било кој звучник.


Електроника

Оние кои го прочитале првиот број на ЕМИТЕР сигурно се сеќаваат на проектот на НФ засилувач од 50W, со ознака A-50. Овој проект побуди забележителен интерес меѓу читателите, а мнозина посакаа и проект за помоќен засилувач. Токму затоа во текстот што следи ќе го прикажеме решението за т.н. мостен спој на два вакви засилувачи, со што ќе се добие излезна моќност од 120W.


Електроника

Речиси секое семејство поседува автомобил, некој постар, некој понов, кој од современите услови на живот е повеќе потреба отколку луксуз. Повеќето од вас досега се имаат сретнато со написи за електронски палења во вакви слични списанија, но нема да биде излишен уште еден.


Електроника

Електронските кола во автомобилот кои служат за информирање на возачот претежно не ја покажуваат точната вредност, туку само состојбата. Еден од инструментите кои се неопходни за возачот, ако сака да има стабилна работа на својот автомобил е инструмент кој ќе му јавува за состојбата на акумулаторот. Мерењето на општата состојба на акумулаторот може наједноставно да се изведе со мерењето на напонот на неговите краеви, и тоа во работни услови.


Телекомуникации

Постојат голем број антени кои наоѓаат примена во праксата, а се разликуваат една од друга по еден или повеќе параметри. Антени кои се користат за ТВ и УКБ прием според конструкцијата можеме да ги поделиме на широкопојасни дипол антени со рефлекторски ѕид, јаги-антени логаритамски и хеликоидни антени. Секоја од овие антени нашла свое место во ТВ преносот па затоа ние детално ќе ги разгледаме.


Електроника

Во минатиот број ви прикажавме неколку решенија на FM УКБ предаватели. Во овој број ви прикажуваме една релативно едноставна и квалитетна верзија на FM УКБ приемник. Некои од предавателите од минатиот број заедно со овој приемник како целина претставуваат одличен примо-предавател кој подесен на некоја фреквенција под 88MHz или над 108MHz (на пр. 76MHz) може да послужи за слушање или пренос на музика, говор или пак плачењето на вашето бебе од една просторија во друга итн.


Електроника

При изведба на некој засилувач на моќност, или некој друг склоп, каде што се јавуваат големи дисипации на полупроводничките елементи, покрај стандардното ладење со алуминиумски ладилник, има потреба и од дополнително ладење со вентилатор. Во овие споеви непожелно е вентилаторот да работи постојано, бидејќи со самата негова работа го исполнува склопот со прашина од надворешноста.


Електроника

DA2005 е уште едно линеарно интегрално коло чија намена е за производство и конструкција на засилувачи на снага за авто-радио касетофони. Работи во класа B и е сместено во истото куќиште со ист распоред на ножичките како и TDA2004. Покрај механичките карактеристики овие две кола имаат и речиси исти електрични карактеристики.


Електроника

Линеарното интегрирано коло TDA2004 е едно од најкористените кола при конструкција на авто-аудио засилувачи. Ваквата негова примена пред се се должи на неговите електрични карактеристики кои овозможуваат изработка на високо квалитетни, евтини и пред се просторно мали засилувачи со мал број надворешни елементи. Самото интегрално коло претставува стерео засилувач кој работи во класа B. Сместено е во Multi-Watt куќиште специјално дизајнирано за конструкција на аудио засилувачи на снага.


Електроника

TBA820M е монолитен интегриран засилувач кој работи во класа B. Најчесто се користи при изработката на мали преносни радио касетофони. Сместен е во 8 пинско пластично куќиште и има излезна снага Po= 2W при Us = 9V и RI = 8Ω.


Аудио и видеотехника

Ова време минатата година, малкумина имаа чуено за Oktava 011, но времето на руската електроника изгледа постепено доаѓа. За многу кратко време, светскиот пазар ги откри непознатите производители на електронската аудио-опрема и така дознавме за Oktava 011 – новото чудо на руската електроника.


Аудио и видеотехника

Најретки се оние Hi-Fi уреди кои го редефинираат видот. Тоа се оние стилски триумфи кои дури и од противниците извлекуваат воздишки на восхит: Goldmund-овиот reference грамофон, SME V грамофонската рачка, тјунерот Sequerra и скоро се од Primare.


Уводник

Пред вас е петтиот број на ЕМИТЕР со кој ја заокружуваме првата година од неговото постоење. Од она што досега го направивме главно сме задоволни (а се надеваме и вие). Нашето задоволство потекнува пред се од квалитетот и разновидноста на објавените написи за што заслугата и припаѓа на целата редакција и сите соработници.


Омнибус

Golden Stone Semi-Automatik;
Оптички диск со 10 GBYTE;
Нови далечински управувачи;
Бетовен како во концертна сала;
Иднина... или Future 1;
Едноставно Kathrein;
16MB DRAM од Samsung


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.