Рубрика: Електроника
Проект: FM УКБ приемник
Автор: Игор Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број ви прикажавме неколку решенија на FM УКБ предаватели. Во овој број ви прикажуваме една релативно едноставна и квалитетна верзија на FM УКБ приемник. Некои од предавателите од минатиот број заедно со овој приемник како целина претставуваат одличен примо-предавател кој подесен на некоја фреквенција под 88MHz или над 108MHz (на пр. 76MHz) може да послужи за слушање или пренос на музика, говор или пак плачењето на вашето бебе од една просторија во друга итн.

Меѓу бројните интегрирани кола кои можат да се најдат на пазарот, при конструирањето на FM УКБ приемник ретко кој од нив се користи толку често како TDA7000. TDA7000 ги содржи сите степени на FM приемник почнувајќи од антената па до НФ излезот, па затоа се користи кај голем број на преносни радиоприемници, а неговата минијатурна верзија го прави погоден за вградување во запалки, часовници, пенкала, калкулатори и слично.
Заљубениците во електрониката често се откажуваат од градењето на приемници заради подесувањата што треба да ги извршат на степените на приемникот за кои се потребни посебни инструменти и искуство. Но со интересните технички решенија и инзворедната технологија на интегрираното коло TDA7000 сите тие подесувања се сведени на минимум. Тоа се само дел од причините поради кои се решивме кај оваа конструкција да користиме токму IK TDA7000, кој заедно со НФ засилувачот IK TBA820M овозможуваат конструкција на одличен FM УКБ приемник.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.