Рубрика: Уводник
Првата годишнина на ЕМИТЕР
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред вас е петтиот број на ЕМИТЕР со кој ја заокружуваме првата година од неговото постоење. Од она што досега го направивме главно сме задоволни (а се надеваме и вие). Нашето задоволство потекнува пред се од квалитетот и разновидноста на објавените написи за што заслугата и припаѓа на целата редакција и сите соработници.

Задоволство причинува и се поголемиот интерес на наши читатели да станат соработници на ЕМИТЕР со што се гарантира натамошен квалитет и разновидност на списанието. Голема причина за задоволство на редакцијата е и редовното излегување на ЕМИТЕР за што, освен усилбите на редакцијата во голема мерка придонесе редовната финансиска помош од од Институтот Отворено општество на Македонија и неколкуте спонзори.
Меѓутоа и покрај сето ова натамошниот опстанок и напредок на ЕМИТЕР се неизвесни за што главна причина е малиот тираж и малиот број на рекламни огласи. Тоа значи дека и во следната година не очекува тешка работа, веројатно и потешка одошто во оваа. Да се надеваме дека ќе успееме.

Главен уредник
С. Таневски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.