Рубрика: Електроника
Проект: Електронско палење
Автор: Ангел Миланов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1995.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Речиси секое семејство поседува автомобил, некој постар, некој понов, кој од современите услови на живот е повеќе потреба отколку луксуз. Повеќето од вас досега се имаат сретнато со написи за електронски палења во вакви слични списанија, но нема да биде излишен уште еден.

Несомнено, електронското палење има повеќе предности над класичното. Како некои од нив би ги наброил следните:
- Напонот на искрата на свеќичките е околу 18-20kV (кај класичното е 11-13kV);
- Резултат на горното е олеснето запалување на горивната смеса во цилиндрите;
- Олеснето палење во зимски услови како резултат на добивање на доволно јака искра и при напон на акумулаторот од околу 9V;
- Трајноста на платинските контакти станува речиси колку и трајноста на самото возило, не постои нивно нагорување и потребно е само преподесување на зазорот на секои 8-10 000km поради механичко абење на брегот на платината;
- Зголемено времетраење на искрата;
- Заштита од приклучување на погрешен поларитет;
- Постои делумна инертност на раздесеност на аголот на претпалење;
- Поголема сигурност во работата на моторот, т.е. сигурен прескок на искра на секоја свеќичка;
- Како резултат на претходно изнесеното логично произлегува и извесен процент на намалување на потрошувачката на гориво, различен во зависност од типот на возилото и е во границите од 5-8%.
Начелно постојат два типа на електронско палење – транзисторско и тиристорско. Разликата е во начинот на добивање на високиот напон.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.