Емитер 5/1995.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Оние кои го прочитале првиот број на ЕМИТЕР сигурно се сеќаваат на проектот на НФ засилувач од 50W, со ознака A-50. Овој проект побуди забележителен интерес меѓу читателите, а мнозина посакаа и проект за помоќен засилувач. Токму затоа во текстот што следи ќе го прикажеме решението за т.н. мостен спој на два вакви засилувачи, со што ќе се добие излезна моќност од 120W.
Овој спој најчесто се користи кога е потребно да се добијат поголеми излезни моќности, во услови на ограничен напон за напојување. Ограничувањето може да биде поради недостапност на извор со повисок напон (на пример во автомобилите), или пак елементите од кои е изведен засилувачот не дозволуваат повисок работен напон. Со врзување на А-50 во мостен спој може да се добие засилувач со излезна моќност од 120W на 4 оми и високи технички карактеристики. Но пред да преминеме на конкретната реализација, накратко ќе се запознаеме со два општи модела на мостниот засилувач (Bridge Amplifier).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1995. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.