Електроника

Чип картичките веќе и кај нас ги среќаваме насекаде и нивната содржина мошне е интересна за секој електроничар. Почетна точка во нашето истражување се телефонските картички. Некои од поискусните електроничари успејаа да ги претворат веќе употребените телефонски картички во идентификациони картички во системите со ограничен пристап. Другите, попознати како "хакери" се обидуваат да најдат слаби точки во системите за кои се тврдеше дека се тотално сигурни.


Аудио и видеотехника

За овој тест избравме три засилувачи со потполно различни конструкции. Засилувачот Aura VA100 II е со класична конструкција, но излезниот степен е направен со MOSFET транзистори. Транзисторскиот засилувач Densen Beat B-100 е со специјална конструкција - во него воопшто не е употребена глобална негативна повратна врска. Засилувачот JoLida SJ 202 A е направен со електронски цевки - "лампи".


Електроника

Покрај познавање на теоријата и практиката од разни области на електрониката секој електроничар треба да има и добри познавања на мерната опрема и мерните постапки. Меѓутоа голем дел од електроничарите, особено почетниците, не ја познаваат доволно оваа проблематика. Затоа одлучивме, во неколку продолженија, да дадеме еден краток преглед на мерната опрема и мерните постапки што се применуваат во електрониката. Во овој број ќе се запознаеме со основната теорија за мерењата - што е мерење, какви грешки може да настанат при мерењето и како се претставуваат измерените величини. 


Аудио и видеотехника

Во звучникот Beauty 5.5 (проектот од ЕМИТЕР 11/96) употребивме евтини звучници Simsonik, но сепак резултатите беа добри. Свртницата беше пресметана според податоците и графиконите за бас-звучникот и високотонецот од проспектот на Simsonik. Мерењата и слушањето сепак покажаа дека податоците и графиконите во проспектот се "разубавени" по малку, но беше доцна за поправки, бидејќи ЕМИТЕР веќе одеше во печат. За среќа, потребните промени во свртницата се минимални, како што ќе видите понатаму. Оние кои ги имаат направено овие звучници, ќе добијат подобар звук со сосема мала промена на елементите во свртницата.


Електроника

Во првиот дел на школата за ТАНГО презентиравме некои најосновни карактеристики на овај програм, како и хардверските барања за да може да се работи со него. Покрај тоа, даден е и комплетен список на команди на SCH едиторот, со краток опис на делување за секоја команда. Во овај број преминуваме од зборови на дело, па за таа намена ќе дојасниме како да ги подесите параметрите потребни за работа (приказ на екран, гридови, разни опции, како и библиотеките).


Електроника

Оваа аудио миксета по своето решение отстапува од другите конвенционални миксети. Наместо вообичаените електронски кола кои ги содржат класичните аудио миксети (кола за прилагодување, потенциометри како аналогни атенуатори, збирен засилувач и излезен засилувач) , овој тип на аудио миксета содржи осцилатор кој наизменично ги комутира влезните сигнали во точно одредени временски интервали, поточно во некој претходно одбран сооднос.


Електроника

Во многу научно-фантастични филмови сигурно сте забележале роботи кои имаат говорна дарба. Начините за генерирање односно симулирање на гласот на робот можат да бидат најразлични. Како и да е неједноставниот начин е со електронски склоп кој ќе изврши погодно изобличување на човечкиот глас. Токму во овој прокт е опишан еден ваков склоп кој по својата конструкција е доста едноставен, но истовремено нуди повеќе можности.


Аудио и видеотехника

Како што напишав во "Звукот на Hi-Fi уредите, прв дел - Засилувачи" (ЕМИТЕР 2/97), можно е еден засилувач да се наштелува за да дава звук идентичен со некој друг, сосема различен засилувач. Разликите во звукот меѓу засилувачите се должат во главно на две едноставни работи: нивната излезна импеданса и нивните изобличувања.


Уводник

Едно од најчестите оправдувања од оние што би требало да го купуваат и читаат ЕМИТЕР (електроничари - ученици, студенти, хобисти и професионалци), а сепак тоа не го прават, е дека цената на ЕМИТЕР е многу висока. Притоа како аргумент се прави споредба помеѓу ЕМИТЕР и некои други списанија (најчесто списанија за разонода, енигматика и слично).


Електроника

Балансот кај стерео засилувачите обично се подесува по слух. Но, правилната проценка не е толку лесна. Ако засилувачот воопшто има баланс индикатор тој најчесто претставува скала, од потенциометарот за баланс, со нула во средина. Уредот чија шема е дадена на сликата е проектиран да ги надмине наведените недостатоци.


Електроника

Оваа едноставна шема е доста корисна бидејќи со акустичка сигнализација го предупредува возачот ако случајно ги заборавил запалени светлата на своето возило и после вадењето на контакт-клучот. Ова особено е корисно после возењето низ магла кога и најчесто ги забораваме запалени светлата на своето возило а со тоа често и доведуваме до испразнување на акумулаторот. Затоа предлагам кој има на располагање некој од наведените т.н.


Омнибус
Диско миксер во изведба на ученикот Александар Цветковски

Три простории изложбен простор за најдобрите семинарски работи на учениците од електротехничката струка. Првиот кабинет за практична настава исполнет со безброј звуци, се мешаат песни, силно пуштени засилувачи, луѓе, ученици, некаде грми гитарски засилувач, пиштат сирени од алармните централи. Учениците ги објаснуваат своите дела на љубопитните посетители.


Омнибус

Резултати од Републичкиот КБ натпревар "Гоце Делчев";
Правила за УКБ натпревар "Гоце Делчев";
DX - информации;
Календар на КБ-натпревари;
World Top Scores;
Резултати од 1996 CQ WPX SSB Contest;
Правила за натпреварот All Asian DX Contest


Омнибус

Hi-Fi информации: Celestion A 2, Bag End infrasub - 18, Quasar LE; 50 години Радио Сојуз на Македонија; Градска смотра на млади техничари и природници; XVI државни натпревари на ЕМАУЦ-ите од Република Македонија; Front suround CD плеер од AIWA; Орце '97; Проба за мултимедија во Минхен


Писма
Соработка и едукација
Предлози и STK050