Рубрика: Аудио и видеотехника
Слеп слушен тест: Aura, Densen и JoLida
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Пред објавувањето на првиот слеп слушен тест (ЕМИТЕР 5/97), кај дистрибутерите на Hi-Fi уреди во Скопје владееше извесна скепса - дали воопшто некој во Македонија е способен да изведе некаков си тест на Хи-Фи уреди, па уште и добар, а згора на тоа и објективен. После објавувањето на тој тест црно на бело, сигурен сум дека место за сомневање веќе нема. Можам да кажам (без лажна скромност) дека овој тест на засилувачи и истражувањето "Моделирање на звукот на засилувачите" се на нивото на најдобрите светски Hi-Fi списанија.
За овој тест беа избрани три засилувачи со потполно различни конструкции. Засилувачот Aura VA100 II е со класична конструкција, но излезниот степен е направен со MOSFET транзистори. Транзисторскиот засилувач Densen Beat B-100 е со специјална конструкција - во него воопшто не е употребена глобална негативна повратна врска. Засилувачот JoLida SJ 202 A е направен со електронски цевки - "лампи".

Покрај класичниот слеп слушен тест, целта на ова испитување беше да се најдат причините за различниот звук на овие (и на другите) засилувачи. Во текстот "Звукот на Hi-Fi уредите, прв дел - Засилувачи" (ЕМИТЕР 2/97) напишав дека нема никаква разлика во звукот меѓу засилувачите, но под одредени услови на тестирање. Овде намерно ги избегнав тие специјални услови и тестирањето се одвиваше во реал лифе услови. На тој начин се добија некои разлики во звукот. Меѓутоа, разликите во звукот меѓу засилувачите можат по волја да се намалат, до исчезнување - прочитајте го истражувањето "Моделирање на звукот на засилувачите" во овој број на ЕМИТЕР.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.