Рубрика: Омнибус
Изложба на ученички проекти Орце '97
Автор: Александар Арсов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Диско миксер во изведба на ученикот Александар Цветковски

Време: Сабота, 10 мај 1997, на пладне; Место: УСО Орце Николов - Скопје

Три простории изложбен простор за најдобрите семинарски работи на учениците од електротехничката струка . Првиот кабинет за практична настава исполнет со безброј звуци, се мешаат песни, силно пуштени засилувачи, луѓе, ученици, некаде грми гитарски засилувач, пиштат сирени од алармните централи. Учениците ги објаснуваат своите дела на љубопитните посетители.

Секој го пуштил својот засилувач, или алармна централа, некој преку миксерот пушта најразлични песни, тон генератори, електронски брави, дигитални термометри, фреквенцметри...

Во вториот кабинет, нешто помирна атмосфера, со исклучок на друг гитарски засилувач. Полно компјутери, се слуша штракањето на релиња од автоматската котрола на процеси, посетителите штракаат по тастатурите и ги проверуваат можностите на направените програми.

Во третиот кабинет вистинска  журка, DJ миксер плус три грамофони плус два DJ-и, централа за диско осветлување со стробоскоп, light-show и уште по некој засилувач. Неизбежни беа LC метрите, во секој кабинет имаше по неколку, засилувачи во класа D како мегафони.

Особено радува податокот дека најголем дел од уредите (повеќе од 2/3) се изработени според проекти и апликации од ЕМИТЕР – алармните централи, Hi-Fi засилувачите и гитарскиот засилувач, LC метрите, тон генераторите, засилувачите во класа D, разгласниот миксер, развојниот систем за MCS-51 и многу други уреди.

Учениците со најдобро изработени семинарски работи

Помеѓу посетителите беше и стручното жири составено од редакцијата на Емитер и неколку професори. Жирито навистина имаше тешка работа бидејќи сите уреди, а беа повеќе од 60, беа солидно изработени и имаа добри карактеристики. По оценувањето за најдобри беа прогласени:

- Виктор Марковски со Master Balls, компјутерска игра во Delphi

- Владимир Манев со компјутерското водење на процеси ,

- Стојан Лешоски со алармна централа,

- Ивица Стоилковски со диско миксер,

- Славчо Цеков со функциски генератор,

- Александар Цветковски со диско миксер,

- Андон Ќурчиев со електронска брава,

- Тина Петив со алармна централа,

- Александар Додевски со електронска брава,

- Виктор Мангаровски со HI-FI засилувач.

Сите избрани беа наградени со укоричен годишен комплет на Емитер од ’96 година.

 Се на се тоа беше една убава ревија на достигнувањата на електроничарите кај нас. Би било уште поубаво кога би имало повеќе вакви презентации.

Клучни зборови:
Диско миксер во изведба на ученикот Александар Цветковски

Диско миксер во изведба на ученикот Александар Цветковски

Учениците со најдобро изработени семинарски работи

Учениците со најдобро изработени семинарски работи

Hi-Fi засилувач во изведба на ученикот Виктор Мангаровски

Hi-Fi засилувач во изведба на ученикот Виктор Мангаровски

Диско миксер во изведба на ученикот Ивица Стоилковски

Диско миксер во изведба на ученикот Ивица Стоилковски

Компјутерско водење процеси во изведба на ученикот Владимир Манев

Компјутерско водење процеси во изведба на ученикот Владимир Манев

Алармна централа во изведба на ученичката Тина Петив

Алармна централа во изведба на ученичката Тина Петив

Електронска брава во изведба на ученикот Александар Додевски

Електронска брава во изведба на ученикот Александар Додевски

Електронска брава во изведба на ученикот Андон Ќурчиев

Електронска брава во изведба на ученикот Андон Ќурчиев

Функциски генератор во изведба на ученикот Славчо Цеков

Функциски генератор во изведба на ученикот Славчо Цеков

Алармна централа во изведба на ученикот Стојан Лешоски

Алармна централа во изведба на ученикот Стојан Лешоски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.