Рубрика: Аудио и видеотехника
Hi-Fi звучник Mini Monitor 5.5 On The Road Again
Автори: Владимир Филевски, Сашко Ицковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изминаа (долги) шест месеци од последниот наш и ваш проект за звучници - Beauty 5.5 and the Beast 15/200 (ЕМИТЕР 11/96). Во звучникот Beauty 5.5 употребивме звучници Simsonik - најевтините кои можеа да се купат во Скопје, но сепак резултатите беа добри. Свртницата беше пресметана според податоците и графиконите за бас-звучникот и високотонецот од проспектот на Simsonik. Мерењата и слушањето сепак покажаа дека податоците и графиконите во проспектот се "разубавени" по малку, но беше доцна за поправки, бидејќи ЕМИТЕР веќе одеше во печат. За среќа, потребните промени во свртницата се минимални, како што ќе видите понатаму. Оние кои ги имаат направено овие звучници, ќе добијат подобар звук со сосема мала промена на елементите во свртницата.

Исправки и дополнувања:
Hi-Fi звучник

И покрај неколкуте контроли сепак во претходниот број ни се поткраднаа грешки кои за поискусните електроничари се лесно воочливи. Сепак за да нема забуни еве што треба да се корегира:
Во проектот на звучникот Mini Monitor 5.5 на стр. 10 во вториот столб (десети ред од доле) стои: ... па кај Beauty 5.5 басот беше малку прегласен..., а треба да стои: ... па кај Beauty 5.5 високотонецот беше малку прегласен.


Главни елементи и материјали:

Бас-среднотонец; Simsonik SW 520 B Високотонец; Simsonik YDQG 5-2

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.