Електроника
Изработената диско миксета EMIX-5 подготвена за употреба

Во претходниот број на ЕМИТЕР имавте можност да се запознаете со концепцијата и шемата на диско миксерот EMIX 5. Беше даден и детален опис на применетите констуктивни решенија како и список на потребниот материјал. Во овој број го завршуваме проектот со упатства за практична изработка на EMIX 5.


Аудио и видеотехника

Ми претставува особена чест и задоволство да ви го презентирам првиот слеп слушен тест во Македонија и во континентална Европа. Ова не е претерување! Колку што ми е познато, од сите популарни Хи-Фи списанија во светот, единствено британскиот Hi-Fi Choice rедовно го применува слепиот слушен тест (го применуваат и некои професионални списанија).


Електроника

Денес во Светот се користат многу програми за проектирање на електронски шеми и печатени плочки, но на нашите Балкански простори преовладуваат два програми. За оние кои работат под DOS, TANGO е неприкосновен, додека под WINDOWS најмногу е застапен PROTEL FOR WINDOWS. Покрај овие програми можат да се сретнат и некои други, како што се ORCAD, PSPICE, PCAD (најмногу се користи меѓу професионалците) и др.


Електроника

Секој автомобил содржи различни видови инструменти кои му даваат на возачот најразлични информации за состојбата на возилото, поточно за неговите поединечни делови. Зависно од производителот има најрзлични инструменти кои, според принципот на работа можат да бидат механички, електромеханички, електрични и електронски.


Телекомуникации

Колку фреквенцијата е повисока и должината на бранот пократка, толку површинскиот бран е се помалку изразен, а за разлика од него, просторниот бран станува значаен фактор при одржувањето радио-врски. На УКБ подрачјето од 30MHz нагоре, се повеќе доаѓа до израз сличноста на радио-брановите со брановите на светлината. Овие бранови се шират во директни зраци, што значи исто како и светлината, т.н. квази-оптичко ширење.


Електроника

Разгледувајки ги периферните единици кои можат да се приклучат на микроконтролерот 8031, лесно може да се забележи дека ги има во голем број. Во основата на целокупното залагање на авторите на оваа серија написи за микроконтролерот 8031 е да се овозможи пристап до што поголем број инвентивни решенија кои ќе ги употребувате во своите идни констукции. Овојпат се одлучивме за едно интересно решение за A/D конвертор, кое патем речено е и мошне евтино.


Електроника

Со зголемувањето на пазарот за излезни засилувачи на моќност се појави потреба од засилувачи со релативно голема излезна моќност, а мал број на елементи. За да се задоволи овој услов се појде кон интеграција на голем дел од елементите на засилувачот, но потребата од моќен излезен степен ја исклучи употребата на интегрирани кола. Ова се разбира не ја исклучи употребата на интегрирани кола во целост. Како единствено можно решение во оваа прилика се наметнуваат хибридните интегрирани кола.


Аудио и видеотехника

Во првиот дел се запознавме со историјатот и сегашните состојби и дилеми кај DVD форматот. Во овој број ќе се задржиме повеќе на аудио DVD-то, но и општо на можностите и перспективите на DVD системот.


Електроника

LM3914 е коло изработено во монолитна интегрирана технологија и во основа е наменето за управување на 10 светлечки диоди. Особена предност пред другите интегрирани кола со слична намена е можноста за прикажување резултатот (палење на LED diodite) во линиски или точкаст мод. Друга предност е и постоењето на референтен напонски извор, кој заедно со останатите елементи во колото, ја елиминира потребата од голем број на надворешни компоненти.


Уводник

И овој пат навреме, во првата недела на месецот, ЕМИТЕР ги нуди своите содржини на сите оние што ги интересира електрониката. Во последните неколку месеци добивме многу пофалби за редовноста и квалитетот на списанието. Ќе издвојам неколку работи што во овој период, по мое мислење, придонесоа и придонесуваат за квалитетот на ЕМИТЕР.


Аудио и видеотехника

Околу една година откако го презентираше Promix 01, Yamaha не запознава со своето ново достигнување: Promix 02R. Претставен како машина со фантастични технички можности, се наметнува прашањето: дали е возможно довчерашната опрема од 500 000 $ сега да стои на вашата маса и да ве чини само неколку илјади долари.


Електроника

Колото претставува аналогија на нас доста добро познатото аналогно коло во улога на тајмер, NE555. Оваа верзија на дигитален тајмер што ќе ја опишам за жал е помалку позната и распространета, но многу подобра во своите перформанси. Колото е способно да обезбеди временско доцнење од тригер импулсот па сè до престанокот на високото ниво на излезот, во времетраење од 10 микросекунди до цели 45 минути, значи далеку поголем дијапазон од можностите на 555. За точноста и да не зборуваме.


Омнибус

Правила за натпреварите EU Sprint;
Најбарани DXCC-земји во 1996 година;
Календар на КБ- натпревари;
Правила за ARI International DX Contest;
Македонски рекорди во CQ WW натпреварите - SSB;
Македонски рекорди во CQ WW натпреварите - CW;
DX - педиции


Омнибус

Hi-Fi информации 1: Aeon Acoustics Signet, Densen Beat B-100, Genesis Technology Genesis 1;
Мерење на тонската модулација;
Мобилен компјутер;
Switchcraft име на успехот;
Четири пина се подобри од три;
Инстант 3-D;
Мини PIC-чип;
Hi-Fi информации 2: Linn во светот на мултимедијата, Copland CD - Пустинска луња;
Нов мини PIC програматор


Писма
Напојување на засилувач