Рубрика: Телекомуникации
Ширење на ултракратките радио-бранови
Автор: Владимир Ковачески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Колку фреквенцијата е повисока и должината на бранот пократка, толку површинскиот бран е се помалку изразен, а за разлика од него, просторниот бран станува значаен фактор при одржувањето радио-врски. На УКБ подрачјето од 30MHz нагоре, се повеќе доаѓа до израз сличноста на радио-брановите со брановите на светлината. Овие бранови се шират во директни зраци, што значи исто како и светлината, т.н. квази-оптичко ширење. Нивниот домет во нормални услови одговара на дометот на светлината, односно оптичката видливост што значи дека ако од местоположбата на едната УКБ-станица може да се види другата станица радио-врската е можна и со многу мала снага на предавателот. Искуството потврдува дека сигурни врски можат да се воспостават и зад хоризонтот за отприлика 15% поголема далечина што се должи на превиткувањето на радио-брановите преку оптичката граница.

УКБ-сигналите не се одбиваат од јоносферата и тие по правило поминуваат низ нејзините слоеви. Тоа се потврдува и со одржувањето радио-врски со разните сателити, со космичките станици и.т.н. Снагата на предавателот може да е релативно мала затоа што овие бранови при поминувањето низ јоносферата многу малку се апсорбираат.
Како резултат на различни причини доаѓа до појава на ненадејна или засилена јонизација во накои слоеви на атмосферата. Во такви услови и УКБ-сигналите можат да се рефлкектираат исто како и брановите на пониските фреквенции (под 30MHz). Во продолжение накратко ќе се задржиме на некои такви појави кои овозможуваат т.н. “специјални комуникации”.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.