Рубрика: Аудио и видеотехника
DVD - A/V формат на следниот век
Автор: Милан Рупиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1997.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во првиот дел се запознавме со историјатот и сегашните состојби и дилеми кај DVD форматот. Во овој број ќе се задржиме повеќе на аудио DVD-то, но и општо на можностите и перспективите на DVD системот.
И двете спротивставени групи (Sony/Philips - Toshiba/Matsushita) најавуваат дека ќе издаваат и DVD-ови со чисто музички материјал чиј тонски квалитет би требало да биде многу пораскошен и поблизок на изворниот отколку на денешните CD-а. Меѓутоа, стручњаците кои добро ги познаваат движењата на A/V сцената тврдат дека DVD-а со исклучиво аудио материјал (засега се спомнуваат имињата Super CD, HQAD - High Quality Audio Disc и HDAD - High Density Audio Disc) нема да се појават истовремено со оние на кои има и сликовен запис, туку дека тоа ќе се случи подоцна, кога форматот цврсто ќе се етаблира во A/V арената и ќе пушти солидни корени базирано на респектибилен број видео записи сместени на DV дискови.

Иако аудио сегментот на DVD-то се уште е обвиткан со превез на многу непознати, сепак постои низа достапни факти. Некои од нив се се уште во домен на теоријата, како оние дека сигналот од аудио DVD плочата ќе има фреквенциски одзив од 0Hz - 40kHz, повеќекратно подобра резолуција од CD-то и динамички одзив од 130dB. За сега тоа е теорија која во (комерцијална) пракса, според предвидувањата на стручњаците, ќе се претопи дури за десетина години.
Добро воочувајќи ја шансата што конечно му се укажа на аудиото, но и опасноста видеото да пропадне поради малата заинтересираност, а и компјутерските групации на кои аудио сегментот (особено неговата high-end гранка) не им е многу интересен (бара големи вложувања, а остварува сразмерно мали приходи бидејќи квалитативните подобрувања им се разбирливи на релативно мал број конзументи), група угледни британски аудио стручњаци предводени од г. Hirokazu Negishi (Canon) основала независно здружение ARA (Acoustic Renaissance for Audio) чија цел е на аудиото да му обезбеди место на новиот медиум достојно на неговото значење. Стерео репродукцијата на звукот да ја доведе на квалитативен степен за кој покрај конвенционалниот компактен диск и неговиот "читач" можевме само да сонуваме и конечно да ги спречи подметнувањата како онаа со CD-то (да се потсетиме - perfect sound forever!). И не само тоа туку и да го воведе во новата ера. По моно и стерео промената, низ која помина до сега аудиото во својот развиток, новиот формат, кој овозможува повеќеканално сместување и репродукција на музички запис, би требало да биде прв чекор во "сферичната" ера, време во кое конечно ќе бидат создадени услови во своите станови да доживееме практично онакво звучно доживување какво што владее во концертна сала, џез клуб и сл. за време на жива изведба.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.