Емитер 5/1997.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Денес во Светот се користат многу програми за проектирање на електронски шеми и печатени плочки, но на нашите Балкански простори преовладуваат два програми. За оние кои работат под DOS, TANGO е неприкосновен, додека под WINDOWS најмногу е застапен PROTEL FOR WINDOWS. Покрај овие програми можат да се сретнат и некои други, како што се ORCAD, PSPICE, PCAD (најмногу се користи меѓу професионалците) и др.
Во овој и во неколку следни броеви ќе ви дадеме едно, релативно кратко, упатство за работа со програмот TANGO 2.2 (оваа верзија најчесто ја сретнуваме). Врз основа на ова упатство ќе можете да почнете да работите со овај програм и, со тек на време, и сами ќе го "осетите" програмот и ќе откриете бројни скриени можности кои овде нема да бидат опишани, заради ограничениот простор.
За работа со овај програм потребен е, за денешни поими, многу скромен сметач лично познавам некои луѓе кои се добри проектанти, а до скоро работеа на 286-ки со монохром монитори). Сепак, заради прегледност, подобро е да имате колор монитор (може и со 16 бои), а како задолжително помагало во CAD програмите е mouse Некои можеби можат да си дозволат и графичка табла, која е многу подобро, но и многу поскапо решение. Работење без mouse (само со тастатура) теоретски е можно, но тоа не го препорачуваме ни на оние кои имаат суицидни склоности.
Со релативно скромно пасивно познавање на англискиот јазик можно е да се владее со овај програм, доколку се пратат пораките кои се појавуваат при врвот на екранот после секое притискање на тастерот од маусот, и ви ја објаснуваат следната активност. Програмот има вграден и Help систем, но за користење на Help-от потребно е подобро познавање на англискиот јазик.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1997. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.