Електроника

Многу читатели ни бараа проекти и шеми за засилувачи со електронски цевки. Им ја исполнуваме таа желба со оваа серија теоретски написи и практични проекти, но заинтересираните треба да имаат на ум дека електронските цевки работат на ВИСОК НАПОН кој е ОПАСЕН ПО ЖИВОТ, така што проектите што ќе бидат објавени се наменети САМО за поискусните електроничари.


Аудио и видеотехника

Во ниедно аудио списание кое излегувало или излегува на просторот што го оградуваа границите на поранешната држава немаше многу зборови за звучните кутии на водечкиот британски производител Celestion. Чудниот сплет на околности направи во времето кога од фабриката излегуваа најдобрите производи овде немаше аудио списание, а кога списанијата се појавија од Celestion не стигнуваа производи вредни за пофалба. Денес ги имаме и едното и другото.


Електроника

Пред десетина години во времето на поранешна Југославија се појави шема за CB (Civil Band) радио станица која беше многу популарна меѓу аматерите електроничари. Причината за популарноста беше тоа што не беше потребно некое посебно знаење од електрониката, а и деловите кои се користеа можеа да се најдат лесно на тогашниот пазар. Станува збор за познатата радиостаница "ATOM 3 IC" односно CB радиостаница која работи на фреквенции од околу 27MHz.


Електроника

Персоналните компјутери денес се сè поприсутни во секој дом. Многумина PC-то главно го користат за сериозни работи додека некои од нив главно за играње на познатите игри. Но понекогаш и оние првите седнуваат на компјутерот за да се релаксираат со некоја игра. За таа намена многу подобро е да поседуваме посебен уред за контролирање на саканиот јунак од играта отколку да ја користиме тастатурата. Денеска постојат многу голем број на уреди кои ја имаат оваа функција.


Аудио и видеотехника

Револуцијата на носачите на информации овозможи на извонредно мала површина да се смести запис кој DVD плеерот ќе го претвори во музика, податоци, слики или филм. Ако се решите да набавите за себе една ваква машина, задолжително мора да ја надополните и со соодветна електроника и сет звучни кутии, ќе речете - голема инвестиција! Голема инвестиција за големо уживање... поинаку не може да биде.


Електроника

Во текот на сервисирањето на инфрацрвените телекомандери за ТВ, видео или музички систем се појави потреба од прирачен инструмент со кој би ја проверувал исправноста на кристалниот осцилатор како и емисијата на инфрацрвените зраци. Со помош на овие два прирачни инструменти е завршен поголемиот дел од контролната проверка на исправноста на телекомандерот.


Аудио и видеотехника

Ако гледаме на слушањето музика како на своевиден чин на уживање, очигледно е, како и на секое друго уживање, за на крајот навистина тоа да биде, дека треба да му претходи уходување, уигрување, со еден збор - предигра.


Електроника

Класичните топливи осигурувачи, кои се употребуваат во електричните инсталации и електронските уреди, не можат поради својата тромост секогаш да ги осигураат струјните кола во електронските уреди. Електронските уреди се хаварисани пред да прегори и најбрзиот топлив осигурувач. Електронскиот осигурувач дејствува моментално пред да страда кој било електронски елемент на уредот. Тука ви претставуваме електронскиот осигурувач за работа на 220V.


Електроника

DIL индикаторот се користи како помошен инструмент за испитување на дигиталните кола. На колото кое го испитуваме се приклучува испитна штипка (IC Test Clip) и присутните логички состојби ги следиме на екранот на осцилоскопот.


Електроника

Во ова продолжение на практичниот курс по електроника тема на разгледување се ПОЛУПРОВОДНИЦИ, PN спој и ПОЛУПРОВОДНИЧКИ ДИОДИ, а во делот за полупроводнички диоди ќе проговориме за параметрите на диодите.


Електроника

Сигурно на многумина им се случило таман кога ќе си легнат навечер и сè ќе им биде погодено, одеднаш да слушнат некој непознат звук од соседната соба. И се разбира во прв момент си велите дека не е ништо, но сепак непријатниот звук не ве остава на мира. Со голема мака станувате да проверите што е тоа што го предизвикува непознатиот звук. Одите во собата од која доаѓа звукот, ја вклучувате ламбата и одеднаш престанува да се слуша непознатиот звук.


Електроника

Зенер диодите се наједноставните представници на паралелни регулатори. Но, најголемиот број зенер диоди што можат да се најдат на пазарот имаат максимална дисипација од 500mW до 1,3W, додека типови со максимална дисипација од 5W можат да се најдат само повремено. Зенер диодите за поголеми снаги од наведените се многу скапи и скоро недостапни што ја наметнува потребата за симулација на моќни зенер диоди со дискретни елементи.


Аудио и видеотехника

Колку долго може VHS форматот да трае? Промовиран во Јапонија во далечната 1976 год., VHS-от навистина ја покажува својата возраст кога ќе се спореди со денешните дигитални потрошувачки формати како што се CD, MiniDisc, DV и DVD. VHS касетите се огромни, лентата е средно спора споредена со брзиот настап понуден од дискот и квалитетот на сликата на VHS-от е супериорно надминат од дигиталните ленти и диск форматите.


Електроника

Ова е класичен RC осцилатор реализиран околу транзистор кој работи како засилувач во спој со заеднички емитер. Главната повратна врска е изведена преку RC филтерска мрежа која ја сочинуваат три RC кола.


Електроника

Иако на прв поглед овој видео засилувач изгледа многу едноставно, во одредени прилики може да биде многу корисен. Станува збор за директно спрегнат двостепен засилувач со променливо засилување.


Омнибус

Радиооператорски собир "Хам радио '98"; TS - 870 S; Правила за натпреварот Croatian CW (9A CW); Најголема колекција на QSL - картички; Календар на меѓународни КБ натпревари; DX – вести


Омнибус

HI-FI информации; Apogee Sound во Мека; Звучници Eminence; osziFOX од pico Technology; Силициум и германиум на еден чип; PMP 650; Philips SBC-MC600; AJ-D200 camera/recorder


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Писма
Прашања за засилувачот од 100W
Дигитален термометар и Loudness контрола
Засилувачи, лиценци, фотографии и дизајн