Рубрика: Аудио и видеотехника
Бум, бум, бадабум! Тест на surround систем
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Револуцијата на носачите на информации овозможи на извонредно мала површина да се смести запис кој DVD плеерот ќе го претвори во музика, податоци, слики или филм. Ако се решите да набавите за себе една ваква машина, задолжително мора да ја надополните и со соодветна електроника и сет звучни кутии, ќе речете - голема инвестиција! Голема инвестиција за големо уживање... поинаку не може да биде. Сакајќи да ви претставам една врвна комбинација наменета за просечно големи простории (соби со површина од 20 до 40m2), на тест се најдоа Marantz-овиот A/V рисивер SR870, Marantz DP 870 процесор за обработка на дигиталниот сигнал, Denon DVD 3000 DVD-плеер, кабли од MIT и Oelchbah, и звучничкиот сет од B&W DM 600 серијата, поточно DM604 како предни, DM603 како задни, централен звучник CC6, и како специјален додаток активниот саб-вуфер од B&W ASW800. Визуелниот дел му беше доверен на Sony-евиот KV-29FX11 WEGA, Super-trinitron од најновата генерација на супер рамни екрани, но тој дел не нè интересира. Оваа моќна комбинација ако е поставена во нешто помала соба буквално може да ве разнесе, ако пак уживате во акциони, SF и слични жанрови, а имате и нешто поголем салон идеално дополнување на ниските фреквенции претставува ASW 800, со дванаесет инчен кобекс драјвер и двесте ватно вградено појачало. Бум, бада бум!!!

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.